Есента е сезона на тиквите! Во чест на „кралицата на есента“, денес ви споделуваме рецепт за лесна крем чорба од тиква, која што се прави многу брзо и лесно. Ќе ве стопли, ќе ви го зајакне имунитетот и ќе ви го подобри расположението.

Совршена вечера или предјадење! Оваа крем чорба од тиква ќе ја одобрат сите љубители на есента. Идеална за здрав оброк во овој период од годината и одлична за сите генерации. Хранлива, веганска и вкусна.

 

Состојки:

  • ладно цедено сончогледово масло од Фила , 1-2 лажици по потреба
  • 1 сладок кромид, исечкан на коцки
  • 1 лажица лук во прав или 1 чешне лук
  • 1 лажиче мелен ѓумбир
  • 1 парче карфиол, исечкан на цветови (количина околу 5 чаши)
  • 4 чаши бујон од зеленчук
  • 2 чаши пире од тиква (претходно варена или печена)
  • 1 лажица јаворов сируп (или 1 лажица кафеав шеќер)
  • сол по вкус (околу 1 лажиче)
  • ½ чаша вода, растително млеко, слатка или кисела павлака, по вкус, опционално.

Опционално:

Водата може да ја замените со растително млеко, слатка или кисела павлака, по вкус.

 

Подготовка:

  1. Во сад, на средна температура ставете го маслото да се загрева. Додајте го кромидот и пржете додека омекне.
  2. Потоа, ставете ги лукот и ѓумбирот, па пржете околу 1 минута.
  3. Додајте го карфиолот – претходно измиен и исечен на цветови, бујонот и пирето од тиква. Покријте го садот и оставете да вари 20-30 минути или додека карфиолот омекне.
  4. Додајте сол по вкус, јаворов сируп и вода. Тргнете го садот од оган.
  5. Со помош на рачен блендер измиксирајте ја крем чорбата. Или, оставете кратко да се излади и изблендирајте со блендер додека стане хомогена. Сервирајте по желба и послужете. На здравје!

Нутритивна анализа:

Вкупната количина соодетствува на 4 порции супа. Секоја од нив содржи 148 калории, од кои 6 г протеини, 26 г јагленихидрати и 4 г масти. Оваа супа е нискокалоричен оброк кој е богат со 7 г растителни влакна и многу витамини, плус нема холестерол. Во табелата подолу ги имате сите детали за нутритивната анализа.

За рецептот го избравме ладно цеденото сончогледово масло поради неговите бројни корисни карактеристики. Неговиот состав има повеќе витамин Е од било кое друго масло, кој е добар антиоксидант и позитивно влијае врз човечкото тело. Содржината на масните киселини (палмитинска киселина, стеаринска киселина, олеинскакиселина и линоленска киселина) во ладно цеденото сончогледово масло е поврзана со нивото на енергија, при што го држи телото полно со енергија и здравје. Покрај тоа, ова масло содржи голема количина на Омега-6, која е неопходна за мозокот и правилно функционирање на организмот. Како главни придобивки од ладно цеденото сончогледово масло можеме да ги издвоиме:

  • го зајакнува имунитетот
  • му дава енергија на телото
  • корисно е за срцето
  • го подобрува здравјето на кожата
  • служи како превентива за канцер
  • го намалува нивото на холестерол
  • заштитува од астма
  • ги намалува воспаленијата.