Живееме во време на постојан технолошки напредок. Медицината и фармацевската индустрија во континуитет откриваат нови методи, третмани и препарати за лекување на многу болести кои го уништуваат здравјето на човекот во 21виот век. Но и покрај постојаното усовршување на медицината и промовирањето на разни препораки за начинот на исхрана упатени од страна на релевантните институции и организации на светско ниво, појавата на малигни заболувања во светот се уште е во пораст. Ракот се наоѓа на водечките позиции за смртност на луѓето во развиените земји.

Ако анализираме и размислиме подлабоко ќе сватиме дека стандардниот медицински пристап на лекување на малигните заболувања за сите видови на рак, што се базира на хируршки интервенции, хемотерапија (терапија со цитостатици) и радио терапија (зрачење), дава ограничени резултати во успехот од лекувањето. Од друга страна, станува се поевидентно дека промени во навиките на живот и пред се промени во прехрамбените навики во комбинација со некои биоактивни состојки кои можат да се најдат во плодови од природата, и кои традиционалната народна медицина ги открила и применува многу долго, самостојно или како дополнение на стандардната медицинска терапија, можат да дадат многу поголем успех во борбата со ракот.

Slika 1.2

Зошто витаминот Б17 е толку специфичен?

Долго пред појавата на хемотерапијата, како стандардната така и народната медицина во повеќе региони во светот користела третмани и практики базирани на примената на природни, хербални препарати за успешно лекување на појавата на тумори и рак. Познавањето и примената на амигдалинот, денес попознат како витамин Б17, во исхраната или медицината, од страна на народи од блискиот и далечниот исток датира од многу одамна. Амигдалинот е состојка која влегува во составот на горките и слатките семки од кајсија, семките од слива, цреши, јаболки и други семки, како и во гравот, просото и уште многу други, дури над илјада растенија или плодови кои се конзумираат во исхраната од страна на луѓето со векови. Сепак, најголеми концентрации на амигдалинот и присуство на пропратни ензими, исклучително важни за неговата биолошка активност има во семките од горка кајсија.

Од хемиски аспект Амигдалинот претставува нитрилозид, соединение чија структура е најслична со молекуларната структура на витамините од Б комплексот и затоа неговиот откривач, Др. Ернест Кребс го нарекува витамин Б17. Во својата молекуларна структура витаминот Б17 врзува и молекула на бензалдехид и цијанид. Како цијанидот, веројатно познат кај добар дел од луѓето, така и бензалдехидот се токсични супстанци или отрови кои може да дадат сериозни, дури и фатални последици по човековото здравје.

Витаминот Б17, состојка потентна да го уништи ракот или да му наштети на нашето здравје, кој ја креира вистината?

Токму таа информација е доволна и искористена од страна на фармацевтската индустрија и комерцијалната медицинска пракса во нивната борба да се забрани примената на витаминот Б17 во третманот на рак. Имено, по скромната појава на витаминот Б17 во седумдесетите години од минатиот век и навидум ветувачките резултати во неговата примена во третманот на рак, Американската институција за контрола на храна и лекови (FDA) донесува забрана за понатамошната примена на витаминот Б17 во протоколите за лекување на малигните заболувања. Одлуката е донесена врз нивни сознанија и заклучоци за токсичниот и потенцијално опасен ефект од внесот на витаминот Б17 кај пациентите болни од рак заради содржината на цијанид во него. Со таа одлука, праксата и можноста за понатамошни медицински студии и истражувања на ефектите од примената на витаминот Б17 во третманот на рак се затвара, се до неодамна.

Но, каде се крие вистината? Во средината на седумдесетите години на минатиот век новинарот Г. Едвард Грифин прави длабинско истражување на целиот случај поврзан со забраната за примена на витаминот Б17, односно „Летарилот“ како негова фармаколошка форма. Неговото истражување открива, интересни и сериозно збунувачки околности во врска со правените испитување од страна на Американските центри за истражување и третман на ракот и заклучоците кои тие релевантни центри и експертите во нив ги донеле, врз основа на што ја базирале нивната одлука да се забрани понатамошната примена на витаминот Б17 во третманот на рак. Новинарот открива документи кои всушност ја покажуваат ефикасноста на витаминот Б17 во уништувањето на ракот, кои биле скриени од страна Sloane-Kettering институтот за рак!? Единствената објавена студија за витаминот Б17, односно Леатрилот вклучувала 178 пациенти и била спонзорирана од страна на Националниот Институт за рак на САД, а спроведена во познатата клиника Мајо и три големи онколошки центри во САД. По спроведувањето на студијата било објавено дека добиените резултати не покажале никаква ефикасност на витаминот Б17 во лекување на ракот. Долго време подоцна, сепак било откриено дека спроведената студија ги прекршила стандардните студиски протоколи, притоа не вклучила ни еден од експертите кои во тоа време работеле и биле запознаени и искусни со примената на Леатрилот во третманот за рак, сознанија кои сериозно можат да го нарушат кредибилитетот на донесените и објавените резултати!? (1)

Ваквите информации, неминовно го наметнуваат прашањето за интересите на фармацевската индустрија и медицината во однос на канализирањето на финансиските средства, лобирањето и давањето на препораки за научните истражувања во насока на пронаоѓањето на ефикасни и безбедни терапии и лекови за рак. Едноставно, не може да се заборави фактот дека примената на добро познатите протоколи и продажбата на општо прифатените препарати за тратман на рак денес тежат над 100 милјарди долари годишно и имаат проектиран раст од над 150 милјарди долари на годишно ниво до 2020 година! (2)

КУПИ СЕГА
 
 

Подготвил:

Сашко Дрвошански – Нутриционист

www.drvoshanskinutrition.com