Постојаната интеграција на интернетот во секојдневното живеење и константоното зголемување на корисниците на интернет придонесоа за отварање на нашата интернет продавница. Агрофила е меѓу првите компании кои отворија интеренет продавница за своите производи. Тоа претставува еден вид на виртуелен процес кој се шири со експоненцијална брзина, бидејќи постои задoволство од таквиот вид на услуга. Со купување на овој начин ќе бидете неколку чекори по напред од другите, избегнувајќи ги гужвите, чекањето на ред и барање по рафтовите. Додека удобно седите во вашиот дом, имате можност да ги разгледате сите наши производи и да го одберете маслото кое одговара за вас.

Нашите производи ви се на располагање 24×7/365 дена во годината. Тоа значи дека производите од нашата продавница се достапни во секое време. За нашата продавница не постои празник или викенд. Можете да пристапите и да извршите нарачки во секое време. Доставата е веќе следниот ден, испорака до врата.

Преку интернет продавницата нудиме пониски цени на нашите производи, без оптеретување со дополнителни маржи од маркетите. Секогаш нудиме свежо масло, со гарантиран квалитет.

Задоволството од ваша страна ќе биде на целокупната услуга, квалитет на производот, магацинска цена и брза испорака. Нарачајте онлајне на следниов линк: http://shop.filla.com.mk/