Сведоци сме дека последната деценија значително е зголемен бројот на парови кои се борат со одреден вид на стерилитет и тешкотии во добивањето на потомство. Особено загрижува фактот на се почеста појава на машка неплодност како постоечка или главна причина за немањето на деца кај голем број на млади парови, кај кои проблемите од ваков вид до пред една до две децении практично и не беа познати. Ваквата алармантна состојба на зголемен стерилитет кај населението во голема мера се должи на условите на урбано живеење, односно динамичното и стресно секојдневие и секако лошите прехранбени навики. Затоа важно е да посочиме дека постојат одредени природни високонутритивни продукти и состојки од природата кои одамна се користеле во природната, народна медицина и фитотерапија за лекување на стерилитетот, а денес и науката го потврдува нивното дејство во подобрување на плодноста кај машката популација.
Маслото од црно семе со својот исклучителен состав на важни масни киселини, минерали, витамини и многу моќни биоактивни состојки (како гвиноните тимогвинон и други) има потврдено дејство на подобрување на здравјето на човекот при голем број на заболувања и нарушени здравствени состојби. Во таа насока треба да се истакне и потврдената способност на маслото од црно семе да помогне во лекувањето на машкиот стерилитет. На ова сознание предходеле истражувањата правени на глувци кај кои се покажало дека суплементирањето со масло од црно семе во период од 2 месеци овозможило подобрување на продукцијата на репродуктивни хормони и конкретно одиграло терапевска улога на тестикуларното ткиво во одржување на стабилни нивоа на продукција на хормонот тестостерон. (1)
Зголемениот број на слободни радикали и други токсини во организмот, оштетувањата на молекулата на ДНК и оксидација на мастите се најчестите причинители за оштетувања на сперматозоидите, односно нивен неправилен раст и развој во тестисите. Ваквата состојба може да доведе до значително намалување на бројноста, мобилноста и функцијата на сперматозоидите, што претставува одреден вид на намалена плодност или неплодност кај мажите. Науката покажува дека антиоксидативните компоненти во маслото од црно семе имаат спсобност да ја подобрат синтезата на машките репродуктивни хормони и сперматогенезата (процес на создавање и зреење на сперматозоидите). Мета анализа која била спроведена на испитувањата направени во периодот од 2000 до 2014 година покажала дека примената на маслото од црно семе имало позитивен ефект на параметрите на сперматозоидите, спермата, репродуктивните хормони и органи кај човекот, пред се како последица на силното антиоксидативно дејство на тимогвинонот и незаситените масни киселини во маслото.(2) Уште поконкретно треба да се истакне дека клиничка контролирана студија презентирана во 2014 година покажува дека давањето на само 2.5 мл на масло од црно семе на ден во период од само 2 месеци довело до значително подобрување на волуменот и бројноста, морфологијата (формата) и мотилитетот (подвижноста) на спарматозоидите кај испитуваните пациенти со стерилитет, што јасно покажува подобрување на нејзиниот квалитет и функција. Тоа потврдува дека маслото од црно семе е исклучително важен природен продукт кој треба да биде дел од исхраната и терапијата кај мажите кои се борат со машката неплодност.
Подготвил: Нутриционист Сашко Дрвошански
Референци:
(1) Yusuf Abba et al., Assessment of therapeutic effects of Nigella sativa against chronic lead acetate-induced reproductive dysfunction in male Sprague-Dawley rats, Comparative Clinical Pathology, October 2016; (2) Reza Mehdavi et al., Effects of black seeds (Nigella sativa) on male infertility: A systematic review, Journal of Herbal Medicine March 2015; (3) Kolahdooz M, Nasri S, et al. Effects of Nigella sativa L. seed oil on abnormal semen quality in infertile men: A randomized, double-blind, placebo-controlled clinical trial. Phytomedicine. 2014 Mar;