Our Recipes
___________________________________________________________
Whether you’re looking for hearty main dish salad recipes or light, nutritious fare, these salads are far from ordinary.

Сончоглед погача
Најдобро приготвено со

- 1кг брашно
- 200мл вода
- ½ маргарин во коцка
- 200мл млеко
- 250г Фила интегрален сусам
- 1 супена лажица сол
- 1 супена лажица Фила сончогледово масло
- 3 јајца
- 1 квасец
Во длабок сад се става брашното, во него се формира дупка и се доава квасец, сол, зејтин, постепено се додава топла вода и се месе тесто. Потоа се додава млекото како и малку од маргаринот кој претходно се растопува на оган. Потоа кога тестото ќе ја добие соодветната мекост и форма од него се засукува 8 мали кори и се редат една врз друга. Прво се става една кора, се премачкува со маргаринот и врз неа редиме друга. Така стојат 30минути. Потоа се премачкува површината на кората која ќе се сука со маграрин и од две мали кори се сука една голема. Во неа се сече еден круг, па се дели на 8 дела со нож. Тавата се премачкува со млеко.
Прво од кругот кој е исечен се дели на помали парчиња, се виткаат и се ставаат во срединаѕа на тавата, а едно ќе се формира во точе и тоа е во центарот. Околу него се витканите форми. Потоа од осмините од кората се формираат мали кифли и се редат околу витканите форми. На крај се премачкува со јајца, и се наросува со сусам. Така се остава 20 минути. Потота се пече во рерна на 2000 Ц околу 15 минути. Кога е испечена се вади и се покрива прво со ќесе, а потоа со крпа. Се остава да се излади