1. Ќуспе

Ќуспето што се добива со ладното цедење на маслата содржи поголема количина на заостанато масло (10-17%), и затоа има повисока вредност во животинската исхрана отколку ќуспето што се добива со топлото цедење, или индустриската екстракција со растворувачи.
Сурово, богато со масти, ќуспето е значајна протеинска храна, и широко се користи во земјоделството. Ќуспето е храна за крави, свињи, кокошки, јагниња и коњи и е значаен извор на хранливи вредности и енергија за тие животни.
Ќуспето се пакува во вреќи од 35кг и се доставува до самите корисници.


1.1.СОНЧОГЛЕДОВО ЌУСПЕ

Состав:
сурови протеини: 29-31%
масло: 13-15%
влага до 8%
сурови влакна: до 25%
пепел: 8%
Се користи како вредна протеинска и енергетска сточна храна.
Маслената погача е нуспроизвод во производството на маслото кое се добива со постапката на ладно цедење на семето од сончоглед.
Декларација (.pdf)

1.2.ЌУСПЕ ОД МАСЛОДАЈНА РЕПКА

Состав:
сурови протеини: 28-31%
масло: 12-17%
влага до 7%
сурови влакна: до 13%
пепел: 7%
Се користи како вредна протеинска и енергетска сточна храна.
Маслената погача е нуспроизвод во производството на маслото кое се добива со постапката на ладно цедење на семето од маслодајна репка.
Декларација (.pdf)

 

2.Сурово масло

Суровото масло што се добива со ладното цедење на различни семиња, посебно сончоглед и маслодајна репка, која поради различни причини не може да се полни во шишиња и понатаму да се продава во маркетите (посебно поради поголемото производство) има многу добри карактеристики и е одлична храна при припремата на различните компоненти во сточната храна.
Суровото масло, богато со есенцијални масни кеселини, добиено без употреба на хемикалии и сложени технолошки процеси е значајна енергетска храна, и широко се користи во сточарството како хранлива материја која се додава во смеските припремени за крави, свињи, кокошки, јагниња и коњи и е значаен извор на хранливи вредности и енергија за животните.
Маслото се пакува во канистри од 200л и 1000л и се доставува до самите корисници.