Методот на жубуркање со масло датира од Индија пред илјадници години, а прв пат во САД е презентирана во почетокот на 1990-тите од страна на д-р Ф.Karach, кој овој метод го смета за успех во својата медицинска пракса.

Станува збор за жубуркање на масло во усната празнина, кратко време од 10-тина минути секое утро, со што се елиминираат токсичните материи од телото, а жубуркањето доведува до зголемување на имунитетот, што значи дека телото добива способност самостојно да се справи со некое жариште, без да користи скапи и често неефикасни лекови.

Сепак, докторот предупредува дека секое масло не треба да се жубурка во устата. Најдобро е жубуркање со ладно цедено сончогледово масло.

Како да жубуркате?

  1. Ставете 1-2 супени лажичи ладно цедено сончогледово масло во устата.
  2. Жубуркајте 10 минути.
  3. Исфрлете го маслото во ВЦ школка. Не ја голтајте смесата.
  4. Исплакнете ја убаво усната празнина со топла вода.
  5. Измијте ја усната празнина со паста и четка за заби.