Kога станува збор за одржување на здравјето на кожата, со сигурност можеме да кажеме дека помалку е повеќе, а природното е подобро. Најпознатите и најсофистицирани козметички и спа центри центри во светот и најдобрите козметички линии се враќаат кон употребата на мал број внимателно одбрани природни состојки со докажано дејство на нега и заштита на кожата. Затоа да се вратиме кон моќните лековити и негувачки својства на природата со користење на Фила сапунот изработен со ладно цедено масло од сусам. Како резултат на високото ниво на витамин Е и на Б-комплекс групата на витамини присутни во маслото од сусам, овој сапун изобилува со екстракти кои содржат моќни биоактивни молекули со докажано и ефикасно дејство за нега и убавина на кожата. Се што ни е потребно за негувана и здрава кожа е вистински сапун и вода!
СУСАМ – тонира и подмладува – Природен вегански рачно изработен сапун со ладно цедено масло (all natural – handmade – vegan friendly) |
Состав (INCI) | Ладно цедено масло од сусам/Sesame Seed Oil, Вода/Aqua, Sodium Palmate, Sodium Sunflowerate*, Sodium Palm Kernelate, Sodium cocoate, Sodium Ricinoleate, Ground Sesame Seed, Himalayan salt, Glycerine, Mentha arvensis (Mint) leaf oil, Cinnamomum zeylanicum (Cinnamon) Oil, fragrance, Titanium dioxide. |