Примената на маслото од црно семе за третирање и нега на кожата е познато уште од времето на старите цивилизации. Во споредба со другите ладно цедени масла кои ја негуваат и исхрануваат кожата, маслото од црно семе со своите специфични состојки е способно да дејствува за еден чекор понатаму, па така може дури и да ја лекува кожата! Содржината на витамини, уникатната комбинација и сооднос на масни киселини, секако омега 3 масните киселини, фитостероли а најмногу гвиноните (тимогвинонот и сличните соединенија), како уникатни молекули во составот на маслото од црно семе, го прават ова масло идеална состојка за производство на сапуни и средства за хигиена не само за нега на секоја кожа, туку и за заштита, смирување и регенерација на болната, проблематична односно воспалена и оштетена кожа.

Доколку кожата на вашето лице или тело е склона кон воспаленија и инфекции предизвикани од страна на бактериски или габични микроорганизми, тогаш уникатниот сапун со масло од црно семе и активен јаглен на Агро Фила е идеалното решение за вас. Постојат конкретни научни истражувања кои ја потврдуваат ефикасноста на дејството на маслото од црно семе на инфекции, воспаленија, иритации и појава на акни на кожата, предизвикани од стафилококни бактерии и дерматофити (вид на габични организми) кои даваат инфекции на кожата, меѓу кои и појава на атлетско стопало, фунгални инфекции на кожата, ноктите и др. Конкретно, гвиноните во маслото од црно семе имаат моќно антивоспалително, антимикробно и антифунгално дејство за ефикасно уништување на патогените микроорганизми, додека активниот јаглен има способност успешно да ги врзува и неутрализира токсините кои ги произведуваат овие микроорганизми или токсините на кои е изложена кожата од воздухот.

Важно е да се истакне дека маслото од црно семе претставува и природен анти-хистаминик и благодарение на оваа особина сапунот со црно семе е најдобар начин за одржување на здравјето и хигиената на кожа склона кон алергиски реакции, односно појава на осипи и црвенила како егзема, атопичен дерматитис и други. Редовната нега на ваквата кожа со сапунот со масло од црно семе (а при акутни состојби и директното нанесување на масло од црно семе на кожата) успешно ја смирува и исхранува иритираната кожа, го смирува воспалението и што е најважно спречува повторна појава на егземата.Со континуирана примена на овој сапун се спречува и употребата на креми кои содржат кортикостероиди кои можат да дадат несакани ефекти по здравјето.

Сапунот со масло од црно семе е најдобриот начин и за грижа на кожата со псоријаза и има докажано повеќекратно дејство. Ја исхранува и омекнува кожата со што го спречува нејзиното пукање и создавање на рани, спречува евентуално воспалување и инфицирање на раните, а дејствува и имуномодулаторно на регулирање и смирување на имунолошките реакции во кожата.

Покрај негата на проблематичната кожа, благодарение на витамините, минералите и масните киселини во својот состав, како и благодарение на силните антиоксидативни својства на гвиноните во маслото, сапунот со масло од црно семе помага во заштите на кожата од оксидативен стрес и нејзина исхрана, омекнување и навлажнување, со што го спречува нејзиното стареење и појавата на линии и брчки, а докажано помага и во избелување на темните флеки на кожата и одржување на еднаквоста на тенот и бојата на кожата.Но и не само за кожата, праксата и искуствата на корисниците покажуваат дека маслото од црно семе нанесено на скалпот, односно кожата на главата, е многу делотворно и за здравјето и убавината на косата. Поточно, ги смирува постоечките воспаленија и ја активира циркулацијата и растот на фоликулите во кожата, со што помага за повторен раст на косата, ја омекнува и регенерира, а дури помага и за зајакнување и поголем раст на трепките и веѓите.

Подготвил: Сашко Дрвошански – Нутриционист