И покрај големиот развој на медицината, ракот останува едно од најстрашните заболувања денес. Согласно статистиката на СЗО од 2014 година, годишно се евидентираат над 14 милиони новодијагностицирани болни од рак и повеќе од 8 милиони смртни случаи. Правилниот и здрав начин на живот и здравата избалансирана исхрана со зголемен внес на антиоксидаси се едни од основните мерки за превенција на појавата на рак.
Ладноцеденото маслиново масло одамна се вбројува во категоријата на супер храна. Тоа е одличен извор на важни незаситени масни киселини, пред се олеинската, моно-незаситена омега 9 масна киселина, но и специфични полифенолни супстанци со антиоксидативни својства за кои денес науката веќе има конкретни сознанија за нивната способност да помогнат не само во превенцијата туку и во борбата со ракот. Постојат многу епидимиолошки студии правени кон крајот на дваесетиот век кои покажуваат дека примената на Медитеранската диета, или начин на исхрана богат со растителни влакна, риба, овошје и зеленчук помага во превенција од појавата на сите воспалителни состојби и дегенеративни болести, па дури и во превенција на малигните заболувања. Поновите студии успеваат поконкретно да ги анализираат точните носители на придобивките на ваквата исхрана. Имено, утврдено е дека специфични полифенолни соединенија од маслинките, односно ладно цеденото маслиново масло (како што се олеокантал, астеосид, хидрокситиросол, тиросол и фенил пропионска киселина, како и антиканцерогени агенси сквален и терпеноиди), заедно со олеинската киселина резистентна на пероксидација, имаат најголем придонес во изразување на антиканцерогеното дејство на маслиновото масло. (1)
Поконкретно, истражување објавено во 2015 година успева да ги докаже неверојатните способности на состојката олеокантал во борба со ракот. Истражувањето ги анализирало ефектите на олеоканталот на изолирани малигни клетки на рак на простата, на гради и панкреас и покажало способност на оваа состојка за уништување на клетките на ракот за период од само 30 минути. Во период од само 24 часа 100% од клетките на ракот биле мртви. Било утврдено дека олиоканталот дејствува на лизозомите, органели внатре во клетките кои учествуваат во борбата со вируси, бактерии и служат за складирање на клеточниот отпад. Олеоканталот предизвикувал селективно пробивање, или уништување на тенките мембрани на лизозомите само во малигните клетки, со тоа иницирајки нивна програмирана смрт – апоптоза, оставајки ги лизозомите во здравите клетки недопрени. Согласно истражувањата ваквите наоди посебно би нашле примена во третманите на малигните заболувања на дигестистивниот тракт каде внесот на ладно цеденото маслиново масло би имало најдиректен контакт и дејство. (2, 3) Истражувањата исто така покажуваат дека олиоканталот појавува и антиоксидативно и анти-воспалително дејство.
Дополнително, ново истражување објавено во 2018 година укажува на способноста на специфична антиоксидансна полифенолна состојка (DOA) од маслиновото масло да го спречи размножувањето на малигните матични клетки преку блокирање на метаболниот пат mTOR – кој ја овозможува природната делба на клетките и чиј забрзан циклус води до забрзан развој на туморозното малигно ткиво. (4)
Добро е да се знае дека конзумирањето на ладноцеденото маслиново масло на штите и од рак. Сега имате можност и за набавка и употреба на домашно ладноцедено маслиново масло со проверен квалитет од Агрофила. Колку повеќе го застапите во вашата секојдневна исхрана, толку повеќе ќе можете да уживате во неговите нутритивни и здравствени придобивки, помагајки си себе во превенцијата или борбата со ракот и другите заболувања.
Изготвил:
Сашко Дрвошански – Нутриционист