Една од најчестите и најсериозни последици на лошите прехрамбени навики и современиот, брз и стресен, начин на живеење, е намалување на функцијата на кардиоваскуларниот систем и оштетувања на крвните садови. Неконтролираните нивоа на шеќер во организмот, постојаниот внес на токсини преку прекумерниот консумација на процесирана храна и загадувањето од средината, заедно со слободните радикали кои ги создава стресот, вршат директно оштетување на внатрешната обвивка на крвните садови (васкуларниот ендотел). Таквата состојба доведува до зголемена продукција на холестерол, потребен за регенерација на оштетените клеточните мембрани на клетките во крвните садови. Но, зголемено присуство на слободни радикали предизвикува оксидација и на молекулите на холестерол кои, губејки ја својата примарна функција, се таложат од внатрешната страна на васкуларниот ендотел заедно со клетки од имуниот систем и активираат воспаленија. Оваа појава ја дефинира атеросклерозата, а таквите наслаги од холестерол на ѕидовите на крвните садови на подолг рок можат да доведат и до целосно запушување на крвните садови и како последица на тоа појава на инфаркт на срцевиот мускул или мозочен удар.

Балансираната медитеранска исхрана богата со многу зеленчук, овошје, семиња, јатки и свежи ладно цедени масла е основниот начин за превенција и контрола на атеросклерозата. Централно места во таа исхрана завзема внесот на ладно цедено маслиново масло, кое со векови се користи и се препорачува во исхраната на лицата со дислипидемии и стеснување или запушување на крвните садови (атеросклероза). Ладноцеденото маслиново масло е богато со полифенолни супстанци со антиоксидативни својства и важни незаситени масни киселини. Од нив најважно е да ја издвоиме олеинската, моно-незаситена омега 9 масна киселина, за која и медицината и научните истражување покажуваат дека е ефикасна во регулирање на метаболизмот на масти во организмот и превенција на атеросклерозата.
Постојат многу студии кои го потврдуваат корисното дејство на ладноцеденото маслиново масло на здравјето на крвните садови. Но, можеме да издвоиме неколку. Голема мета анализа на маркери на кардиоваскуларните болести (ниво на вкупен холестерол, ХДЛ, оксидиран ЛДЛ холестерол и други параметри), која опфатила 26 клинички студии покажала дека ладноцеденото маслиново масло богато со полифеноли помага во намалување на вредностите на маркерите на ризик и во подобрена контрола на вредностите на холестеролот. (1) Исто така, студија која ја анализирала медитеранската исхрана со зголемен внес на маслиново масло исто така потврдила зголемен антиоксидативен капацитет на крвта кај испитаниците, со што се намалува оксидацијата на ЛДЛ холестерол и се превенира појавата на атеросклероза. (2)

Уште поважно, студија која на здрава популација ги испитувала биомаркерите на оксидативен стрес на крвните садови, оксидацијата на холестеролот и концентрациите на про-инфламаторната, оксидирана фракција на ЛДЛ холестерол (аполипопротеин Б) покажала дека редовниот внес на ладноцедено маслиново масло довело до значително намалување во концентрациите на оксидираниот ЛДЛ холестерол и до успорување (продолжување на времето) на оксидацијата на холестеролот, што директно покажува дека со примената на ладноцеденото маслиново масло се намалува атерогената склоност на ЛДЛ холестеролот со што се помага во превенција од појавата на атеросклероза. (3) Но, не само кај здравите лица, туку и кај испитаници кои страдале од метаболен синдром (нарушување на метаболизмот на масти или шеќер во организмот како и појава на дебелина) внесот на ладноцедено маслиново масло поткажал значително намалување на вредностите на ЛДЛ холестерол и намалување на концентрациите на пероксиди и други продукти на деградација и оксидација на холестеролот, кои се присутни при патогенезата на атеросклерозата на крвните садови. (4)
Важно е да истакнеме дека особено во текот на есента и зимата, една од главните причини за оштетување васкуларниот ендотел, основа за развој на атеросклерозата, е аерозагадувањето (зголемената концентрација на ПМ честички во воздухот). Студија објавена во 2015 година покажала дека внесот на 3 г на ладно цедено маслиново масло на ден помага да се спречи и намали оштетувањето кое токсичните честички од воздухот можат да го направат на крвните садови! (5)


Затоа, не чекајте! Доколку досега не сте го вклучиле ладно цеденото маслиново масло во вашата исхрана, направете го тоа веднаш. Во салати, смудија, каши, дури и при кратка термичка подготовка, ладно цеденото маслиново масло ќе обезбеди важни антиоксиданти и омега 9 масни киселини кои се грижат за здравјето на вашите крвни садови. Кога станува збор за набавката на ладно цедено маслиново масло, често кај луѓето постои страв и сомневање во квалитетот на маслата понудени на пазарот. Сега постои можност да купите и ладноцедено маслиново масло од АГРОФИЛА – компанија со изградено реноме и докажан квалитет. Ладноцеденото маслиново масло на Агрофила е тестирано од страна на универзитетски институтски лаборатории и има докажан квалитет и карактеристики.

Изготвил:
Сашко Дрвошански – Нутриционист

Референци:
(1) Haiyan Tong, Ana G Rappold et al, Dietary Supplementation with Olive Oil or Fish Oil and Vascular Effects of Concentrated Ambient Particulate Matter Exposure in Human Volunteers, Environ Health Perspect. 2015 Nov;
(2) Elena S George, Skye Marshall et al, The effect of high-polyphenol extra virgin olive oil on cardiovascular risk factors: a systematic review and meta-analysis, Crit Rev Food Sci Nutr. 2018 Apr;
(3) C Razquin, J A Martinez et al, A 3 years follow-up of a Mediterranean diet rich in virgin olive oil is associated with high plasma antioxidant capacity and reduced body weight gain, Eur J Clin Nutr. 2009 Dec;

(4) Álvaro Hernáez, Alan T Remaley et al, Olive Oil Polyphenols Decrease LDL Concentrations and LDL Atherogenicity in Men in a Randomized Controlled Trial, J Nutr. 2015 Jul 1;

(5) Danielle Venturini, Andréa Name Colado Simão et al, Effects of extra virgin olive oil and fish oil on lipid profile and oxidative stress in patients with metabolic syndrome, Nutrition. 2015 Jun;