Учениците во нашата земја се соочуваат со голем број здравствени проблеми поврзани со однесувањето кон исхраната. Истражувањата покажуваат дека ваквите однесувања не се едноставни постапки на индивидуи туку заземаат широк социјален карактер. Здравствените проблеми доаѓаат од не доволно посветеното внимание во начинот на исхрана. Прекумерна телесна тежина здобиена за време на детството или адолесценцијата може да продолжи и во возрасниот период и да го зголеми ризикот од голем број заболувања.
Затоа неопходно е специјално внимание и едукација за превенција во училиштата со програми за унапредување на здравјето и здравите животни навики. Изборот на здраво масло е еден од тие фактори.
По тој повод, денес имавме посета од ОУ ˶Ванчо Прќе˝- Штип. Заедно го разгледавме производствениот процес на Фила ладно цедените масла дегустиравме и се дружевме.
Задоволството е на наша страна и од срце им брагодариме за посетата. До следното видување!