Ладно цеденото масло од чиа семе е одличен извор на нутриенти кои имаат докажани здравствени придобивки. Тоа би требало да стане дел од исхраната на сите оние кои сакаат да се грижат за своето здравје. Но, кога станува збор за здравјето и негата на нашата кожа, покрај внесот преку храната, маслото од чиа семе може да дејствува ефикасно и кога се нанесува од надвор, на самата кожа. За прв пат на нашиот пазар и ексклузивно од страна на компанијата Агрофила сега имате можност да ги искусите придобивките од маслото од чиа преку користењето на нивниот нов производ – природен вегански, рачно изработен сапун со ладно цедено масло од чиа.

Која е тајната на негата со помош на сапунот со масло од чиа?

Чиа маслото содржи идеален однос од околу 3:1 на есенцијалните омега 3 (алфа линоленска масна киселина) и омега 6 (линолеинска масна киселина) што го прави идеално и супериорно за хидратација на кожата без оставање на масни траги. Омега 3 масните киселини имаат антивоспалително дејство со што помагаат во смирување и нега на иритираната или воспалена кожа. Дополнително, маслото од чиа содржи и состојки со антиоксидативно дејство (како цинкот), што ја штити кожата од оштетувањата предизвикани од оксидативниот стрес (штети предизвикани од надворешните фактори како загадениот воздух, ув зраците од сонцето и др.)

Постојат повеќе студии кои го тестирале дејството на маслото од чиа кај состојби на пруритис (кожа која многу чеша) и ксероза (изразено сува кожа). Студиите потврдиле дека примената на масло од чиа директно на кожата довело до значително подобрување во функцијата на епидермисот во насока на намален губиток на вода низ него, што е клучно за задршка на водата во кожата, потребно за нејзина подобра хидратација и виталност. Ова потврдува дека маслото од чиа и производите кои го содржат претставуваат идеални навлажнувачи кои спречуваат иритации и дехидрирање на кожата, како и појава на црвенила и флеки, дури и кај лица кои имаат исклучително сува кожа и кожа која чеша и е склона на пукање (пруритис и ксероза), како последица на одредени здравствени состојби (на пример кај лица со краен стадиум на бубрежна инсуфициенција).

Редовната нега на кожата на целото тело со сапунот со масло од чиа ќе ви даде мека, длабоко хидрирана и младешка кожа, со што ќе придонесе во намалување и измазнување на видливите линии и брчки. Ваквото негувачко дејство е потребно за сите типови на кожа, но е есенцијално за лицата со сува кожа склона кон пукање и длабоки брчки. Дополнително, благодарение на цинкот, сапунот од чиа дури помага и да се одржи балансот на нивото на масти во кожата, односно спречува преголемо мастење на кожата, што е поволно и кај луѓе со помасна кожа.

Заменете ги скапите средства за нега на кожата кои се преполни со состојки кои всушност се токсични за нашиот организам. Вратете се кон природното и делотворното, прекрасен природен сапун со масло од чиа – едноставно и ефикасно решение за здрава и хидрирана кожа.

 

Подготвил: Сашко Дрвошански

Нутриционист