Our Recipes
___________________________________________________________
Рецепти за пекарски производи
ПИРОШКИ со безглутенско брашно
Најдобро приготвено со
Состојки:
- 4 компири
- 1 свеж квасец
- 2 јајца
- 1 кафена лажица сол
- 1 филџан за кафе ладно цедено сончогледово масло – ФИЛА
- 100 гр. млеко
- 300- 500 гр. безглутенско брашно-ФИЛА (количината варира во зависност од големината на компирите)
Начин на подготовка:
За полнење на компирите по желба:кашкавал, сирење, пржено мелено месо, зеленчук, шунка итн.
Компирите се варат и се пасираат како за пире.Во него се додаваат претходно стасаниот квасец, 2 жолчки, сол, ладно цедено масло, млеко и безглутенско брашно за да се замеси како тесто.Од тестото се прават топчиња и во нив се втиснува полнеж по желба.Се зтвораат и се обликуваат во долгнавеста форма.Пирошките се потопуваат во белка и во презла од безглутенско брашно и се пржат во подлабок загреан зејтин до вцрвенување.Се вадат и се редат на упивателна хартија.