Уште на прв поглед и прв залак ќе се заљубите! Шаренило од бои и интересна комбинација на состојки кои ветуваат гурманско доживување. За сите љубители на егзотични вкусови имаме одличен рецепт! Првата можна прилика пробајте го вака стокменото јадење – пилешко филе со ориз и зеленчук во светски популарниот Буда стил ќе го обожаваат и децата и возрасните!
Ова јадење е вкусно и популарно во светот, па мислевме дека е добра идеја да го пренесеме и кај нас. Има различни варијации, а оваа што ја избравме се подготвува со пилешки гради, ориз, наут, авокадо, лук, зелка и црвен пипер. Не чекајте, набавете ги состојките и право во кујна. А за уште поголемо уживање во овој оброк ви предлагаме да го послужите со чаша бело вино. Нема да погрешите, гарантираме!
Состојки:
- 100 г пилешки гради
- 1/2 чаша варен наут
- 1 тенко исечкана црвена пиперка
- 1/2 авокадо
- 1-2 лажици ладно цедено масло од маслодајна репка од Фила
- 1 лажичка ситно сечкан ѓумбир
- 1 лажиче црн сусам или чиа семе
- 1/2 лажиче лук во прав
- 1/2 чаша претходно варен ориз
- 1/2 чаша дробена црвена зелка
- 1/4 главица сечкан кромид на кришки
- 1/2 чаша рукола
- 1 лажица соја сос
- 1 лажиче ситно сечкан лук
- 1/2 лажиче чили во прав
- 3 цветови варена брокула
- 1/2 домат сечкан на парчиња.
За маринирање:
- 2 лажички сок од лимета
- 2 лажички мелен црн пипер
- сол по вкус.
За декорација:
- прстофат црн сусам или чиа семе
- 2-3 тенки кругови лимон или лимета.
Подготовка:
1. Измијте ги пилешките гради и премачкајте ги со малку сок од лимета, сол и мелен црн пипер. Оставете ги да се маринираат
околу 30 минути во покриен сад.
2. Обложете тава со хартија за печење. Насечете го филето на покрупни парчињата и ставете ги да се печат во загреана рерна околу
15 минути на 180 степени или или печете го цело парче, но малку подолго, додека зарумени убаво.
3. Во меѓувреме, во сад на оган ставете го маслото да се загрее. Во загреаното масло ставете ги сечканиот лук и ѓумбирот и пржете ги
кратко. Додајте го сварениот наут и убаво измешајте.
4. Во сад подгответе прелив од соја сосот и зачинете со сол, црн пипер, чили и лук во прав. Додајте во преливот 1-2 лажици ладно
цедено масло од маслодајна репка.
5. Авокадото исечкајте го на парчиња последно за да не потемни.
6. Во средина ставете го варениот ориз, а наоколу наредете ги останатите состојки. Прелијте ги со припремениот прелив.
Декорирајте со црн сусам и парчиња лимон. Послужете и нека ви е на здравје!
Нутритивна анализа:
Од наведените состојки ќе добиете 2 порции на вкусен оброк. Секоја порција содржи 341 калорија, 18 г протеини, 26 г јагленихидрати, 18 г масти. Овој оброк е богат со протеини, растителни влакна и витамин Ц. Деталната нутритивна анализа, погледнете ја во следната табела:
При подготовката препорачуваме да користите ладно цедено масло од маслодајна репка, кое има бројни придобивки. Го зајакнува имунолошкиот систем, што е од голема корист во есен, го обезбедува телото со енергија и помага за превенција од канцер. Богато е со витамин Е, како и омега-3, 6 и 9 есенцијалните масни киселини кои му се неопходни на организмот. Ова масло може да го набавите во поголемите маркети или да го нарачате од онлајн продавницата на Фила.
За сите новости и акции, заследете ја Фила на Facebook – ФИЛА МАСЛО и Instagram – @fillacoldpressedoils.