Правилното отстранување на користеното масло за јадење е многу важно во управувањето со отпад. Маслото е полесно од водата и има тенденција да се шири во тенки и широки мембрани на површината на водата, кои ја попречуваат самата оксидација на вода. Поради ова, еден литар масло може да загади колку 1 милион на литри вода. Исто така, отпадното масло може да се згусне во самите канализациски цевки и да предизвика блокирање на движењето во нив. Поради ова, маслото за јадење никогаш не треба да биде фрлано во мијалникот на кујната или во тоалетот.
Од отпадното масло за готвење можете да се ослободи на соодветен начин ако маслото се депонира во соодветен пластичен сад, кој понатаму се предава на овластена фирма за управување со овој отпад, односно може понатаму да се рециклира.
Ваквото отпадно масло може да се користи за производство на сапун или биодизел.
Во повеќе држави во светот за отпадно масло со минимум контаминација со вода и цврсти честици се собера бесплатно или со надокнада.
Агрофила ДООЕЛ е овластен и лиценциран собирач на отпадно масло и масти за јадење од растително потекло. Министерството за животна средина и просторно планирање согласно законските регулативи ги издаде соодветните дозволи за обавување на оваа дејност.
Согласно одредбите од Законот за управување со отпад (Службен весник на РМ 68/04,107/07,102/08,143/08) Агрофила има припремено Договори за собирање на употребено отпадно масло за јадење со што е прецизирано легалниот начин на собирање на овој отпад од граѓаните и од деловните објекти (хотели, ресторани, кујни и сл.).
Обврска на Агрофила е да обезбеди соодветни садови за собирање на маслото, во зависност од тоа колку отпадно масло се создава и да обезбеди возило за подигнување на маслото. За предаденото отпадно масло се добива транспортен формулар со вкупната количина која е предадена. Договорот и транспортниот формулар се неопходни за доказ пред надлежните инспекциски органи дека Вашата фирма легално се ослободува од отпадните масла и масти за јадење.