Одржувањето на здрава и негувана кожа со младешки изглед бара редовна хигиена на кожата, нејзина исхрана и секако заштита, посебно од штетните надворешни влијанија кои се доминантните причинители за појавата на брчки и стареењето на кожата. Користењето на ладноцеденото масло од сусам, како сапун за хигиена на кожата, и како масло за масажа е еден од најдобрите природни начини да осигурате здрава, мазна и тонирана кожа која сите ја посакуваат. Што е она што го прави ладноцеденото масло од сусам одлично за нега на кожата?

Самата природа на сусамовото масло е нутритивна, односно хранлива и навлажнувачка. Тоа е богато со витамините од Б комплексот (посебно Б3), Е и Д, како и со минералите калциум и фосфор, потоа содржи комбинација од масни киселини, од кои посебно треба да се истакне линолеинската омега 6 есенцијална масна киселина, кои го прават маслото ефикасно како за навлажнување и потхранување на кожата, така и за смирување на воспалената кожа и кожните иритации и осипи. Состојките во маслото од сусам имаат голема вискозност, што значи дека можат да пенетрираат длабоко во порите на кожата и овозможуваат длабинско дејство, дури и за регулација и подобрување на циркулацијата на крвта. Со тоа се овозможува подобар довод на кислород, нутриенти и клетки од имуниот систем, што придонесува за побрза обнова на оштетените клетки или нивна замена и регенерација на самото ткиво на кожата. Специфичната состојка со истакнато антиоксидативно својство (сусамол/сесамол), заедно со витаминот Е, ја спречува и намалува појавата на брчки и пори, оставајки ја кожата сјајна, мека и еластична. Треба да се истакне дека иако не остава масна трага на кожата, маслото од сусам формира тенок заштитен филм на кожата кој ја штити од штетното дејство на слободните радикали од воздухот и сончеви зраци. Исто така, истражувањата потврдуваат дека маслото од сусам е навистина ефикасно и во третирањето на воспалената и повредена кожа. Способноста на маслото да навлезе длабоко во кожата овозможува ефикасно и темелно смирување на воспалението и се покажува делотворно дури и кај кожа со егзема и псоријаза.

 

Природниот сапун со масло од сусам на АГРОФИЛА е одличен начин да добиете негувана здрава, тонирана кожа со помлад изглед. Доколку сакаме максимално да ги искористиме придобивките на ладноцеденото масло од сусам, независно дали го употребуваме директно самото масло или пак преку сапунот за хигиена и нега на кожата, најдобро е да го нанесеме и втриеме на кожата со блага масажа.

Подготвил: Сашко Дрвошански – Нутриционист