Нутритивна вредност за масло од горчливи семки од кајсија

 

Маслото од горчливи семки од кајсија се добива во процес на ладна механичка екстракција од семките што овозможува целосно зачувување на сите нутриенти, кои влегуваат во неговиот состав, во природна форма. Тоа има пријатна горчиво-слаткаста арома поради која, покрај за терапевтски цели, се користи и во исхраната за приготвување на слатки и разни десерти.

Една лажица од ладно цедено масло од горчливи семки на кајсија (13.6 g) содржи 120 калории, 14 гр масни киселини, 0 гр протеини и 0 гр јаглехидрати. Во неговиот состав доминираат незаситените масни киселини и тоа Олеинската киселина (мононезаситена омега 9 масна киселина) која е застапена со 67 %, Линолеинската киселина (полинезаситена омега 6 масна киселина) е застапена со 24.6%, додека α-Линоленската киселина АЛА (полинезаситена омега 3 масна киселина) е застапена во траги. Заситените масни киселини се застапени незначително, од нив може да се издвојат Палимитинската и Стеаринската киселина со процентуална застапеност од 4.63% и 1.22% соодветно. Ваквата распределба на масните киселини во маслото од горчливи семки од кајсија и големата концентрација на Олеинската омега 9 масна киселина го прави ова масло одлична компонента или додаток на исхраната која овозможува добра регулација на метаболизмот на масти, односно одржување на поволен баланс на масните киселини и концентрацијата на ХДЛ и ЛДЛ во крвта.

Покрај исклучително поволниот состав на масни киселини, она што е навистина значајно во нутритивниот состав на маслото од горчливи семки од кајсија е исклучителната концентрација на специфични микронутриенти, пред се витамините Е и Б17. Од тој аспект важно е да се истакне дека, во споредба со другите растителни масла, ова масло има највисока концентрација на активни компоненти на витаминот Е од над 330 мг/кг, од кои до 300 мг/кг на γ-токоферол, како и мали концентрации од α и δ-токоферол. Витаминот Е претставува еден од најважните антиоксиданти кои на човековиот организам му помагаат да се заштити од штетите кои слободните радикали можат да ги предизвикаат на клетките и ткивата, што претставува можност за заштита на организмот од малигни заболувања.

Покрај витаминот Е, маслото од горчливи семки на кајсија претставува и најголем природен извор на витаминот Б17 (амигдалин), кој исто така има изразити антиканцерогени својства поради што наоѓа широка употреба во превенцијата и третманот на малигни заболувања (канцер) во народната медицина. Молекулата на амигдалин претставува цијаноген гликозид, односно во својот состав врзува молекула на цијанид која има селективно цитотоксично дејство. Конкретно, единствено малигните клетки, заради спецификите на својот клеточен метаболизам, се способни да ја издвојат молекулата на цијанид, од молекуларната структура на амигдалинот, која потоа доведува до нивно уништување. Досега правени научни студии потврдуваат селективно цитотоксично дејство на амигдалинот, што значи способност тој да ги уништува само малигните клетки, без притоа да има било какви ефекти врз здравите клетки. Тоа го потврдува и студијата правена со албино експериментални глувци во период од 13 недели која покажала дека амигдалинот не пројавил ефекти на токсичност кај ниту еден од тестираните глувци (Реф. Safety evaluation of wild apricot oil, Food and Chemical Toxycology, 1997, 35, 583-587).

Исто така, маслото од горчливи семки од кајсија има многу високи концентрации на фитостероли. Фитостеролите се природни органски соединенија со структура и функција слична на онаа на молекулата на холестеролот. Тие влегуваат во состав на клеточните мембрани кај растенијата и имаат изразени антиоксидативни својства, помагаат во намалување на нивоата на холестерол во организмот и го спречуваат разградувањето на колагенот во сврзните ткива и кожата. Вкупното количество на фитостероли во ова масло изнесува од 4000 до 4500 мг/кг од кои Ситостеролот е застапен во количество од 3400 мг/кг масло, ∆-5 авенастерол во количество од 350 мг/кг масло, додека кампестеролот и ситостанолот во количества под 200 мг/кг. Другите фитостероли како кампестанолот, ∆-7 кампестерол, и ∆5,24-стигмастадиенол се застапени во количества под 50 мг/кг масло.

 

Резултати од испитувањето во Германија

 

1

2


3