Нутритивна вредност за ладно-цедено сончогледово масло
Сончогледово масло е едно од најупотребуваните масла во исхраната. Една лажица од ладно цедено сончогледово масло (13.6 g) содржи 120 калории, 14 г масни киселини, 0 г протеини и 0 г јаглехидрати. Олеинската киселина (мононезаситена омега 9 масна киселина) е застапена со 83 % од вкупните масни киселини. Линолеинската киселина (полинезаситена омега 6 масна киселина) е застапена со 6.59% додека α-линоленската киселина АЛА (полинезаситена омега 3 масна киселина) е застапена со 0.39%. Од заситени масни киселини, најзастепани се палимитинската и стеаринската киселина со процентуална застапеност од 3-4% додека арахидинската киселина е застапена околу 1%. Транс форми на масни киселини одговорни за покачување на лошиот „ХДЛ“ холестерол се застапени под 1%.
Сончогледовото масло содржи смоли, каротеноиди, лецитин и токофероли (витамин Е). Најзначајно за ова масло е тоа што за разлика од сите други масла има највисока концентрација на α-токоферол до 150 мг/кг и β-токоферол до 150 мг/кг. Вкупното количество на витамин-Е активни компоненти се движат над 300 мг/кг.
Фитостеролите се природни антиоксиданси присутни во сончогледово масло. Вкупното количество на фитостероли во ладно-цедено сончогледово масло изнесува од 3000 до 3500 мг/кг масло. Ситостеролот е застапен во количество од 1500 до 1800 мг/кг масло, ∆7-стигмастанол до 500 мг/кг масло, кампестеролот, стигмастеролот, хлеростеролот и ∆7-авенастерол во количества од 100 до 300 мг/кг додека кампестанолот, кампестерол, ∆5-авенастерол и ∆5,24-стигмастадиенол под 100 мг/кг.
Според најновите истражувања спроведени на 242 пациенти со карцином на бели дробови, утврдено е дека сончогледовото масло игра важна улога при успорување на развојот на карциномот (Реф. Nutrition and lung cancer: a case control study in Iran, BMC Cancer. 2014 Nov 21;14:860. doi: 10.1186/1471-2407-14-860).