Кожата е нашиот најголем орган! Најголем, но за жал и најчесто потценуван како помалку важен од другите. Денес, повеќе од било кога, живееме во ера на парфеми и неверојатно голем избор на производи за нега и грижа за кожата, но реалноста, односно големиот број на инфекции, иритации и други состојби на нарушено здравје на кожата, и воопшто намалено севкупно здравје го потврдува спротивното. Во таа состојба неминовно се наметнува прашањето, каде грешиме. На сите тие модерни пенливи купки, гелови на тело, антибактериски сапуни и миризливи лосиони достапни за секој џеб и сечиј вкус, ние сепак не знаеме како правилно да се грижиме и да ја негуваме нашата кожа. Па, каде лежи проблемот?
Кожата како орган, не служи само за топлинска изолација и регулација, или за заштита на телото и внатрешните органи од штетни надворешни влијанија. Истата е важен дел од нашиот сензорен и имун систем, неопходна е за синтеза на витаминот Д кој е клучен за одржување на имунитетот и други витални физиолошки процеси во организмот, важна е за детоксикација и елиминација на многу штетни метаболни продукти и така натаму. Но денес сите ние некако повеќе се поведуваме од прекрасната миризба или приказната која ја кажуваат рекламите за производи за нега и хигиена на кожа, отколку што умееме да ги препознаеме вистинските состојки кои се неопходни за нега на кожата или да му веруваме на сопственото чувство и допир. Навистина, на толку различни производи на одржување на здравјето на кожата понудени на пазарот, денес најголем број од луѓето се жалат на сува, кршлица или оштетена кожа, кожа склона на создавање на акни, кожа склона на инфекции, осипи, дерматитиси и други реакции. Тоа е затоа што новите и модерни производи само привидно се грижат за нашата кожа, маскирајки ги проблемите и уништувајки го микробиомот на кожата, со што сериозно можат да влијаат на нашето севкупно здравје.
Постојат неколку добро познати состојки кои се користат во најголемиот број на производи за нега и миење на кожата за кои науката јасно кажува дека имаат штетно влијание, како за самата кожа, така и за општото здравје. Но, високите комерцијални интереси, секогаш го завземале поважното место пред медицината, науката и хуманоста. Накратко да се осврнеме само на некои од најштетните и најмасовно употребуваните состојки кои се користат, а не би требало.
Парабените – семејство на хемикалии (метилпарабен, етилпарабен, пропилпарабен и други) кои се додаваат во составот на продуктите за нега на кожата со цел да го одржат или продолжат рокот на траење на производите. Тие се јавуваат како ендокрини дисруптори (ја нарушуваат работата на ендокриниот систем и функцијата на хормоните). Науката денес дава јасна поврзаност на зголеменото присуство на парабените од козметиката со појавата на рак на гради кај жените и други заболувања.
Фталати – хемикалии кои изворно се создадени и наменети за омекнување на пластиката. Денес често се употребуваат и во козметичките средства за навлажнување и омекнување на кожата. Но, науката јасно укажува дека предизвикуваат оштетувања на бубрезите, црниот дроб, белите дробови и репродуктивните органи, особено кај децата и младите во развој.
Формалдехид – силна канцерогена состојка која се ослободува од често користени конзерванси во козметичките производи и производите за нега на кожата.
Олово и резидуи од други тешки метали – кои имаат силно невротоксично и дегенеративно дејство, а штетат и на дигестивниот систем, бубрезите и црниот дроб.
Постојат и други штетни состојки во стандардните производи за хигиена на телото, а секако треба да се спомнат и додадените миризби или парфеми, кои кога се синтетички добиени најчесто претставуваат мешавина од различни состојки како алдехиди, толуени и деривати на нафтата и петролеумот. Состојките во миризбите или парфемите додадени во средствата за хигиена имаат докажано невротоксично и канцерогено дејство, а ги иритираат и кожата и очите.
Кога станува збор за состојки од средствата за хигиена кои се штетни по здравјето неопходно е да се споменат и антибактериските хемикалии кои имаат толку силно антибактериско дејство што не само што ги уништуваат и потенцијално опасните бактерии кои може да се најдат на кожата на дланките или кожата воопшто, туку целосно ја уништуваат и корисната микрофлора – кожен микробиом која игра важна улога во заштите на кожата и превенира појава на дерматити и воспаленија предизвикани од патогени бактерии, габични организми или синтетички иританти.
Затоа, кога станува збор за одржување на здравјето на кожата, со сигурност можеме да кажеме дека помалку е повеќе, а природното е подобро. Најпознатите и најсофистицирани козметички и спа центри центри во светот и најдобрите козметички линии се враќаат кон употребата на мал број внимателно одбрани природни состојки со докажано дејство на нега и заштита на кожата. Затоа и мојата препорака е во насока да се вратиме кон моќните лековити и негувачки својства на природата. Најдобар пример за тоа се природните сапуни на АГРОФИЛА, направени со ладноцедени масла од семиња, мелени семиња и други билни масла и екстракти кои содржат моќни биоактивни молекули со докажано и ефикасно дејство за нега и убавина на кожата. Се што ни е потребно за негувана и здрава кожа е вистински сапун и вода!
Подготвил:
Сашко Дрвошански – Нутриционист