За Нас
___________________________________________________________
Мисија на компанијата
Агрофила има за цел да врши промоција на здравиот начин на исхрана и да врши едукација на граѓаните за значењето на ладно цедените масла во нивната исхрана и живот.
Визија на компанијата
Нашата визија е Агрофила како компанија и брендот на ладно цедени масла ФИЛА да станат лесно препознатливи на домашниот пазар, во соседството и во други европски земји. Да создадеме партнерство со потрошувачите кои ќе веруваат во квалитетот на производите на ФИЛА, кои ќе станат производ со врвен квалитет во областа на ладно цедените масла.
Општествена одговорност
Уште од самото свое основање во 2005 година, Агрофила ја има јасно дефинирано својата општествена одговорност во својата средина. Со својата специфична дејност на производство на ладно цедени масла има голем допринос кон развојот на заедницата, со иницирање и зголемување на свесноста од правилната и природна исхрана на населението во државата. Зголемување на изборот на различни видови на масла, за кој заедницата во повеќе случаи и прв пат се запознава со нивниот вкус, изглед, а секако и со големите здравствени придобивки од нивната консумација. Агрофила е една од ретките производители на ладно цедени масла во земјава и регионот. Можеби преставува и единствена фирма со таа големина и капацитет која има основна дејност на производство на ваков вид на масла за јадење. Фирмата има цел да го зголеми домашното производство на суровини за производство на масла, така што изминатата година започна сопствен проект за поттикнување на земјоделците во повеќе региони на државата да ги зголемат површините со различни маслoдајни култури, но пред се сончоглед. Тоа го прави со обезбедување на семенски материјал во рана пролет, потпишување на договори за соработка со повеќе фирми и физички лица за гарантиран откуп на целата произведената суровина. Со договорите точно се прецизираат сите услови на соработка и што е најважно цената на суровината се знае шест месеци порано. Во текот на месец септември и октомври се врши откуп на целата произведена суровина. Со овој проект се поттикна искористувањето на дотогаш необработено земјоделско земјиште, се овозможува плодоред на површините, добивање на проверена и сигурна суровина од домашно потекло, градење на стабилни партнерски односи и добивање на висококвалитетно масло за јадење чие што потекло точно се знае. Со ова се затвора кругот помеѓу земјоделец-преработувач-потрошувач. Овој начин на производство ќе се зацврстува секоја година што е можно повеќе.
___________________________________________________________