Хранлива вредност
________________________
Ладно цедените масла се еден вид на природно исцеден сок од семките на поедини видови на растенија, што во себе ги содржат само своите природни хранливи состојки и се одликувааат со мирисот и вкусот на самото семе. Тоа се нерафинирани и термички нетретирани масла, кои обилуваат со есенцијални масни киселини, витамини растворливи во масло, лецитини, фитостероли и минерали корисни за здравјето на луѓето. Сметаме дека нашите производи ќе им помогнат на потрошувачите да се вратат кон природниот и здрав начин на исхрана. Преработката на семињата се врши со примена на технологија на ладно цедење на семињата, што значи дека маслото механички се цеди на ниска температура (не повисока од 45°C), без употреба на топлина или хемиски растворувачи. По одделувањето на маслото од цврстите делови на семето, тоа физички се прочистува од примесите со помош на различни филтери и техники, по што се врши негово пакување во стаклени и пластични шишиња како готов производ.
Ореви
Постојат најмалку 30 сорти на орев. Трите популарни сорти, одгледувани за комерцијални цели се англискиот или персиски орев, Црниот орев и Белиот орев. По посадувањето, на дрвото му се потребни околу четири години за да го даде првиот плод. За време на секоја сезона, плодовите се подготвени за берба од Август, кога набабрениот, зелен труп почнува да се отвора и да го покажува светло-кафеавиот, цврст “орев”. Оревите се ценети уште од антички времиња, како симбол на интелектуалност, бидејќи нивните јадра имаат згрчена површина во внатрешноста на школката, при што потесетуваат на мозок. Оревите се богати со многу хранливи материи, корисни за здравјето, особено Омега-3 масни киселини кои се од суштинско значење за оптимално здравје. Оревите се добар извор на здрави масти, протеини, витамин Е, минерали и фитохемикалии наречени стероли. Исто така, богати се со фитокомпоненти и се одличен извор на селен, фосфор, магнезиум, цинк, железо и калциум. Оревите штитат при проблеми со метаболизмот, кардиоваскуларни проблеми, и тип 2 дијабетес.