Хранлива вредност
________________________
Ладно цедените масла се еден вид на природно исцеден сок од семките на поедини видови на растенија, што во себе ги содржат само своите природни хранливи состојки и се одликувааат со мирисот и вкусот на самото семе. Тоа се нерафинирани и термички нетретирани масла, кои обилуваат со есенцијални масни киселини, витамини растворливи во масло, лецитини, фитостероли и минерали корисни за здравјето на луѓето. Сметаме дека нашите производи ќе им помогнат на потрошувачите да се вратат кон природниот и здрав начин на исхрана. Преработката на семињата се врши со примена на технологија на ладно цедење на семињата, што значи дека маслото механички се цеди на ниска температура (не повисока од 45°C), без употреба на топлина или хемиски растворувачи. По одделувањето на маслото од цврстите делови на семето, тоа физички се прочистува од примесите со помош на различни филтери и техники, по што се врши негово пакување во стаклени и пластични шишиња како готов производ.
МАСЛОДАЈНA РЕПКА
Семето од маслодајна репка почнало да се произведува во Европа во 13-тиот век. Таа станала доста популарна во Северна Америка во времето на Втората Светска Војна како извор на подмачкување. Тогаш била помалку корисна како храна за животни или за луѓе, бидејќи има горчлив вкус поради високото ниво на глукозинолати. Сортите денес, се направени за да се намали содржината на глукозинолати, што и дава поприфатлив вкус на репката и се богати со полинезаситени масни киселини (олеинска, линолна и линоленска). Семето содржи околу 40%-45% масти и околу 20%-23% протеини. Семе од репка се одгледува за производство на растително масло за човечка исхрана, и биодизел. Откако се пресува семето и се отстранува маслото, останува висок протеински концентрат кој е многу добар за добиточна храна. Водечките производители на маслодајна репка се земјите во Европската унија, Канада, САД, Австралија, Кина и Индија. Во Индија, околу 13% од обработливите површини се одгледува маслодајна репка. Според Министерството за земјоделство на САД, семето од репка било трет водечки извор на растителни масла во светот во 2000 година, по сојата и палминивото масло, и втор светски водечки извор на протеински оброк, иако зазема само една петтина од производството на водечката соја.