Хранлива вредност
________________________
Ладно цедените масла се еден вид на природно исцеден сок од семките на поедини видови на растенија, што во себе ги содржат само своите природни хранливи состојки и се одликувааат со мирисот и вкусот на самото семе. Тоа се нерафинирани и термички нетретирани масла, кои обилуваат со есенцијални масни киселини, витамини растворливи во масло, лецитини, фитостероли и минерали корисни за здравјето на луѓето. Сметаме дека нашите производи ќе им помогнат на потрошувачите да се вратат кон природниот и здрав начин на исхрана. Преработката на семињата се врши со примена на технологија на ладно цедење на семињата, што значи дека маслото механички се цеди на ниска температура (не повисока од 45°C), без употреба на топлина или хемиски растворувачи. По одделувањето на маслото од цврстите делови на семето, тоа физички се прочистува од примесите со помош на различни филтери и техники, по што се врши негово пакување во стаклени и пластични шишиња како готов производ.
Лешници
Лешниците се добиваат од костенливи дрвја кои растат во области со умерена клима во многу делови од светот, иако нивното потекло е од Европа и Азија. Овие кафеави плодови со сферичен изглед даваат доплонител остар и сладок вкус на храната. Покрај нивниот вкус тие имаат и многу здраствени придобивки. Полни се со здрави масти кои помагаат да се исчистат наслагите во крвните садови. Богати се со протеини, влакна, витамини и минерали, а најважно од се, содржат фитостероли, што ги прави едни од најмоќните антиоксиданси на природата. Тие се доста калорични и масни, но ако се внесуваат во умерени количини помагаат во губењето на тежина, бидејќи прават да се чувствувате сит подолг период. Тие се богат извор на енергија, 60.5% масленост, содржат Витамин Е, Б витамини како и фолна киселина. Витаминот Е е потребен за одржување на здрава кожа, коса и нокти. Б витамините се важни за клеточниот и енергетски метаболизам. Исто така се богат извор на калиум, калциум и магнезиум, кои го регулираат крвниот притисок. Лешниците се извор на здравје, бидејќи го намалуваат крвниот притисок, спречуваат мозочни и срцеви удари, рак и го подобруваат менталното здравје.