Хранлива вредност
________________________
Ладно цедените масла се еден вид на природно исцеден сок од семките на поедини видови на растенија, што во себе ги содржат само своите природни хранливи состојки и се одликувааат со мирисот и вкусот на самото семе. Тоа се нерафинирани и термички нетретирани масла, кои обилуваат со есенцијални масни киселини, витамини растворливи во масло, лецитини, фитостероли и минерали корисни за здравјето на луѓето. Сметаме дека нашите производи ќе им помогнат на потрошувачите да се вратат кон природниот и здрав начин на исхрана. Преработката на семињата се врши со примена на технологија на ладно цедење на семињата, што значи дека маслото механички се цеди на ниска температура (не повисока од 45°C), без употреба на топлина или хемиски растворувачи. По одделувањето на маслото од цврстите делови на семето, тоа физички се прочистува од примесите со помош на различни филтери и техники, по што се врши негово пакување во стаклени и пластични шишиња како готов производ.
Лен
Многу научници, во текот на историјата, биле уверени во лековитоста на лененото семе, вклучувајќи го и таткото на медицината, Хипократ. Семето од лен и маслото од лен се најзначаен извор на хранливи состојки во целиот синџир на исхрана. Ладно цеденото масло од лен го забрзува метаболизмот, побрзо ги согорува мастите и е единствено масло што всушност помага да се намали телесната тежина. Но, најважно од се, е дека маслото од лен ги содржи есенцијалните масни киселини Омега 3 и Омега 6, познати како Витамин Ф. Ленот содржи и витамини неопходни за производство на овие есенцијални масни киселини. Ако има црн талог во шишето, тој го покажува присуството на лигнан и не треба да се отстранува, бидејќи лигнанот дејствува антивоспалително и антиканцерогено. Витаминот Е кој се соджи во лененото масло го намалува холестеролот во крвта и делува превентивно при срцеви заболувања и хипертензија. Кај пациентите со Сјогрен-ов синдром е забележано намалување на интензиетот на главниот симптом – сувост или недоволна влажност на очите. Поради продобрување на квалитетот на косата и ноктите најчесто се додава како компонента во козметичките препарати и средства за лична хигиена. Се препорачува редовна употреба кај жени по 45 година од животот заради намалување на симптомите на менопауза.