Хранлива вредност
________________________
Ладно цедените масла се еден вид на природно исцеден сок од семките на поедини видови на растенија, што во себе ги содржат само своите природни хранливи состојки и се одликувааат со мирисот и вкусот на самото семе. Тоа се нерафинирани и термички нетретирани масла, кои обилуваат со есенцијални масни киселини, витамини растворливи во масло, лецитини, фитостероли и минерали корисни за здравјето на луѓето. Сметаме дека нашите производи ќе им помогнат на потрошувачите да се вратат кон природниот и здрав начин на исхрана. Преработката на семињата се врши со примена на технологија на ладно цедење на семињата, што значи дека маслото механички се цеди на ниска температура (не повисока од 45°C), без употреба на топлина или хемиски растворувачи. По одделувањето на маслото од цврстите делови на семето, тоа физички се прочистува од примесите со помош на различни филтери и техники, по што се врши негово пакување во стаклени и пластични шишиња како готов производ.
Коноп
Коноп е најчесто користен термин за сорти на растенијата Канабис и неговите производи, кои вклучуваат влакна, масло и семе. Семето од конопот е мало и маслено семе, опкружено со тенок, проѕирен внатрешен слој и одозгора со цврста школка. Суровотo семе од коноп е едно од најздравите природни производи, познато како „Супер Храна“. Ова семе е многу барано, овозможувајќи оптимално здравје и благосостојба на организамот. Суровото семе од коноп содржи најголем процент на масла и хранливи материи. Анализата за хранливост на ова семе е импресивна. Споредено со ленот и сојата, конопот е повеќе биолошки компатибилен со човечкото тело. Почетоците на ова растение започнуваат пред 8000 години, на прагот на човечката цивилизација. Се смета дека потекнува високо на Хималаите во Индија, каде тамошните жители ги откриле неговите квалитети. Илјадници години наназад конопот се користел како растително влакно во текстилната индустрија, како храна и како основа за многу лекови. Во минатото повеќето платна за едрење како и јажињата биле направени од коноп. Конопот е извор на протеини, а содржи и Омега-3 и Омега-6 масти, наречен GLA (овозможува здрава коса, нокти и кожа). Содржи богат спектар на минерали вклучувајќи цинк, калциум, фосфор, магнезиум и железо. Семето од коноп е богато со антиоксиданси како и Витамин Е. Тоа е најбогат извор на полинезаситени есенцијални масни киселини, сите 20 аминокиселини, вклучувајќи ги и 9-те есенцијални амино киселини (EAAs) кои нашите тела не можат да ги произведат.