Хранлива вредност

________________________

Ладно цедените масла се еден вид на природно исцеден сок од семките на поедини видови на растенија, што во себе ги содржат само своите природни хранливи состојки и се одликувааат со мирисот и вкусот на самото семе. Тоа се нерафинирани и термички нетретирани масла, кои обилуваат со есенцијални масни киселини, витамини растворливи во масло, лецитини, фитостероли и минерали корисни за здравјето на луѓето. Сметаме дека нашите производи ќе им помогнат на потрошувачите да се вратат кон природниот и здрав начин на исхрана. Преработката на семињата се врши со примена на технологија на ладно цедење на семињата, што значи дека маслото механички се цеди на ниска температура (не повисока од 45°C), без употреба на топлина или хемиски растворувачи. По одделувањето на маслото од цврстите делови на семето, тоа физички се прочистува од примесите со помош на различни филтери и техники, по што се врши негово пакување во стаклени и пластични шишиња како готов производ.

Кикирики

Потеклото на ова растение е од Јужна Америка. Постојат податоци дека древните Инки го користеле во нивната исхрана. Кикириките се необично растение кое влегува во групата на легуминози. На кикириките веднаш по цветањето семката им паѓа во земјата и останува таму се додека не созрее.

Ова овошје е богато со масти и протеини. 100 гр. кикиритки содржат 49,24 грама масти и 25,80 грама протеини. Од минералите најмногу содржат калиум, фосфор, магнезиум, калциум и натриум. Меѓу витамините најзастапен е Б3 како и остатокот на витамини до групата Б, исто така го имаат витаминот А, алфа токоферолот и др.

Витамините од групата Б и даваат сјај на косата и делуваат смирувачки на нервниот систем. Витамините од групата Е ја стимулираат функцијата на половите жлезди.

Кикириките и маслото од кикирики главно содржат незаситени масти кои го намалуваат нивото на холестеролот во крвта.

Неодманешните истражувања покажаат дека редовната употреба на кикириките како дел од здравата исхрана може значително да го намали ризикот од кардиоваскуларни болести. Го намалуваат ризикот од формирање на камења во жолчката. Помагаат во борбата со ракот. Кикириките се сметат за добар извор на фолна киселина, која е важна за жените во текот на бременоста. Покрај тоа што кикириките се корисни за убавината, тие го спречуваат и губењето на косата. Благодарение на витаминот Ц кој се користи во зголемување на производството на колаген, кикириките може да помогнат во спречување на опаѓањето на косата.