Хранлива вредност
________________________
Ладно цедените масла се еден вид на природно исцеден сок од семките на поедини видови на растенија, што во себе ги содржат само своите природни хранливи состојки и се одликувааат со мирисот и вкусот на самото семе. Тоа се нерафинирани и термички нетретирани масла, кои обилуваат со есенцијални масни киселини, витамини растворливи во масло, лецитини, фитостероли и минерали корисни за здравјето на луѓето. Сметаме дека нашите производи ќе им помогнат на потрошувачите да се вратат кон природниот и здрав начин на исхрана. Преработката на семињата се врши со примена на технологија на ладно цедење на семињата, што значи дека маслото механички се цеди на ниска температура (не повисока од 45°C), без употреба на топлина или хемиски растворувачи. По одделувањето на маслото од цврстите делови на семето, тоа физички се прочистува од примесите со помош на различни филтери и техники, по што се врши негово пакување во стаклени и пластични шишиња како готов производ.
Бадеми
Се смета дека домашните бадеми прв пат се појавиле во текот на бронзеното време, помеѓу 3000 и 2000 година п.н.е, а исто така се споменати и во Библијата. Придобивките од бадемите биле добро познати во Грција и Италија пред христијанската ера, како и во класичните дела на Шекспир. Бадемите се бели во боја,покриени со тенко кафеава лушпа и сместени во цврста школка. Тие се класифицирани во две категории, слатки, кои се јадат и горчливи, кои се употребуваат за да се направи бадемово масло како ароматично средство за храна и ликери. Бадемите се комплетен извор на енергија и се богати со моно-незаситени масни киселини кои помагаат да се намали ЛДЛ или "лош холестерол" и да се зголеми ХДЛ или "добриот холестерол". Тие исто така се богат извор на Витамин Е и минерали како што се манган, калиум, калциум, железо, магнезиум, цинк и селен. Бадемите исто така ја зголемуваат активноста на мозокот.