Нашите рецепти

___________________________________________________________

Рататуј е традиционален француски специјалитет, чие име во превод значи мешана разновидна храна. Станува збор за лесен медитерански оброк, кој брзо се прави и е одличен начин да го искористите и изедете здравиот зеленчук. Се приготвува на различни начини, а сега имате можност да дегустирате рататуј на скара.
Приготвениот рататуј можете да го сервирате топол, како ручек или здрава лесна вечера. Посно, вегетаријанско и без глутен!

Салати со масло од сончоглед

Салата со брокула и семки од сончоглед

Најдобро приготвено со

СОСТОЈКИ

  • 2 големи црвени домати, сечени на кругови
  • 1 црн домат, сечен на тенки ленти
  • 1 црвена пиперка
  • авица кромид или 2 млади кромитчиња
  • малку маслиново масло за мачкање
  • ливчиња босилек, коријандер или магдонос по потреба (околу 30 грама).

ЗА СОС

  • сок од 2 цедени лимони
  • 3 лажички маслиново масло од Фила
  • 2 лажички оцет балсамико од Модена, на Фила
  • 1 лажичка сув босилек
  • 1 лажичка шеќер
  • 1 лажичка сол
  • прстофат црн пипер.
Начин на подготовка:

1. Припремете ја и загрејте ја скарата на средно висока температура.
2. Во поголем сад ставете ги лимоновиот сок, маслото, киселината, босилекот, шеќерот и солта, па измешајте ги.
3. Зачинете со црн пипер по вкус.
4. Исечканиот зеленчук намачкајте го со маслиново масло и ставете го на скарата да се печи. Печете го додека омекне за време од 6-8 минути.
5. Притоа обрнете внимание на доматите и кромидот, затоа што се печат релативно многу брзо.
6. Печениот зеленчук исечкајте го и ставате го во чинија. Во чинијата ставате го преливот со лимоновиот сок и измешајте.
7. Декорирајте со листови свеж босилек или друг зачин по желба. На здравје!

Препорака плус:
Препорака: Предложениот оцет балсамико од Модена 500 мл, е добиен од високо квалитетно одбрано грозје, со специфичен начин на производство и има темно-црвена боја. Станува збор за одбран квалитет на грозје и префинет вкус, од кој реномирана италијанска компанија од Модена направи високо квалитетно балсамико под брендот Фила. Ако сакате да дознаете повеќе или сакате да го набавите онлајн кликнете тука.