Електронската трговија се стреми да биде примарен канал за продажба на производи и услуги во светски рамки, па таа тенденција не го заобиколи ниту домашниот пазар, а со тоа и нашата компанија. Постојано се зголемува бројот на потрошувачи кои се одлучуваат купувањето да го извршат преку интернет што е особено позитивно за нас. Нашата компанија како примарен канал за продажба ја има класичната дистрибуција до секој поголем ланец маркет низ земјава, но веќе неколку години има и онлајн продажбата како составен дел од нашата официјална веб страна.
Ние како компанија направивме и чекор напред со имплементација и развој на електронската продавница со можност за плаќање преку платежна картичка. Чекорите за плаќање се многу едноставни, купувањето заштедува и време и трошоци и безбедноста на податоците на платежните картички и сигурната достава се загарантирани.
Ве очекуваме на https://e-shop.filla.com.mk/