На 03.02.2021 Агрофила потпиша Договор со Фондот за иновации и технолошки развој за доделување средства преку Иновациски ваучери за истражувачка работа- Производство и контрола на квалитет на термички стабилно ладно цедено масло за пржење и готвење од нови високо-квалитетни хибриди на сончоглед. Фондот одобри 100% покривање на трошоците. Со ова се поттикна соработката помеѓу нашата компанија и академските и научно-истражувачки установи во насока на спроведување на оваа иновациска активност, со што нашата компанија ќе ја зголеми својата конкурентност на пазарот.