Видови масло
________________________
Ладно цедените масла се еден вид на природно исцеден сок од семки на различни видови растенија, што во себе ги содржат само своите природни хранливи состојки и се одликуваат со мирисот и вкусот на самото семе од кое се произведени. Тоа се нерафинирани, хемиски и термички нетретирани масла, кои обликуваат со незаситени есенцијални масни киселини, витамин Е, провитамини, лецитини, фитостероли, минерали и други состојки исклучително корисни за здравјето на луѓето.

МАСЛО ОД КОНОП
Конопот е најчесто користен термин за сорти на Канабис растенијата и нејзините производи. Конопот е еден од најчистите растенија на Земјата. Тој расте речиси насекаде и не бара третман со пестициди или ѓубрива. Употребата на конопот е многубројна и различна, а од особена вредност за луѓето се хранливите и лековитите својства на семетото и маслото.
Семето од коноп е најбогат природен и единствен извор на есенцијални масла за човечка исхрана.Семето од коноп содржи 20-25% протеини, 20-30% јаглехидрати и 10-15%растителни влакна, како и голем извор на минерали, фосфор, магнезиум, сулфур и калциум, а има и траги од железо, цинк како важни ензими и ко-фактори за метаболизмот на човековите масни киселини.
Маслото од коноп одамна е признатo како едно од најпознатите разноврсни и корисни храни познати на човекот. Постојат две полинезаситени масни киселини во маслото од коноп, кои нашето тело не може да ги прозиведе - линолна киселина и алфа-линоленска киселина. Овие масни киселини мора да бидат вклучени во исхраната и затоа се познати како "есенцијални масни киселини“. Со илјадници години, конопот како растение се користи како еликсир и во лековитите чаеви.
Нерафинирано масло од коноп е добиено по метод на ладно пресување на семето движејќи се од жолта до темно зеленабоја и има пријатен вкус на орев, понекогаш проследена со чувство на горчина. Овој процес на "ладно цедење" не претставува процес на екстракција еднаква на онаа на техника на преработка на масло што вклучува растворувачи и загревање на истото на високи температури. Мала количина на масло, исто така се губи и при процесот на филтрација. Со тоа се зачувува основниот квалитети на овој производ.
Потекло и историја
Конопот се смета дека потекнува од Хималаите, од каде што се проширилпреку животните и луѓето.
Ариевците кои ја нападнале Индија се познати дека го преземаат семето од коноп и го раснесуваат низ Блискиот Исток и Европа.
Исхрана и здравствени придобивки
- Маслото од коноп содржи масни киселини (омега-3 масни киселини- која ја намалуваат тенденцијата за згрутчување на крвта и намалување на холестеролот и омега-6), кои се од суштинско значење за формирање на здрави клеточни мембрани, правилен развој и функционирање на мозокот и нервниот систем.
- Маслото од коноп може да ги задоволи потребите на организмот за сите есенцијални масни киселини. Тоа се должи на балансираниот составот на масни кисленини во ладно цеденото масло од коноп (80% од масните киселини припаѓаат на заситените масни киселини) што помага во подобрувањето на ослабениот имунолошки систем.
- Маслото од коноп, исто така, содржи антиоксиданси, фитостероли и хранливи материи како што се калциум, магнезиум, сулфур, калиум, фосфор, како и скромни количини на железо и цинк. Тоа е исто така одличен извор на хлорофил. Маслото од семе од коноп е познатодека содржи до 5% од чиста GLA, многу повисок процент од било кое друго растение.
- Оптимален баланс на Омега 3, 6 и 9 плус сите есенцијални амино киселини содржани во маслото од коноп придонесуваат за:
Намалување на крвниот притисок
Намалување на холесерлот
Подобрување на имунитетот
Намалување на воспалението
Намалување на симптомите на ПМС
Подобрување на функцијата на органите
Зголемување на енергијата и метаболизмот
Подобрување на кардиоваскуларно здравје
Зајакнување на организмот после боледување