Видови масло
________________________
Ладно цедените масла се еден вид на природно исцеден сок од семки на различни видови растенија, што во себе ги содржат само своите природни хранливи состојки и се одликуваат со мирисот и вкусот на самото семе од кое се произведени. Тоа се нерафинирани, хемиски и термички нетретирани масла, кои обликуваат со незаситени есенцијални масни киселини, витамин Е, провитамини, лецитини, фитостероли, минерали и други состојки исклучително корисни за здравјето на луѓето.

МАСЛО ОД ЦРНО СЕМЕ
Растението црно семе е член на фамилијата Buttercup. Семињата се мали, многу темни, тенки, со полумесечинест облик. Црното семе кога се додава во исхраната дава уникатен сладок вкус, покрај многубројните здраствени придобивки. Маслото од црно семе соджи многу моќни состојќи. Доминантното соединение cuminaldehyde, го има до 40% во содржината на маслото. Алдехидите се природно богати кислородни соединенија кои можат да комуницираат со човечките клетки и да направат длабоки, корисни промени. Другите природни соединенија вклучуваат terpenes, γ-terpinenes, p-cymene, limonene, a-farnesene и carophyllene. Овие природни состојки поседуваат извонредни антиоксидантни, антитоксични, анти-микробиолошки, анти-габични, анти-паразитски, анти-спазматични и диуретични својства.
Маслото од црно семе е чиста супстанца, со кафеаво-зелена боја, мрсна текстура и карактеристичен мирис. Ова масло лесно се оксидира, поради тоа треба да се чува на ниска температура (<20), подалеку од сончева светлина.
Потекло и историја
По потекло од Медитеранот, тоа е мала годишна билка висока околу 50cm (20 инчи), со зелени, тесни пердувести листови и ситни бели или розови цвеќиња, проследени со мали триаголни семиња. Тоа е едно од најпочитуваните лековити семиња во историјата. Црното семе се споменува во Библијата како и во зборовите на пророкот Мухамед, кој рече дека црното семе е лек за сите болести освен за смртта.
Староегипетските лекари често ги користеле семињата за да ги лекуваат Фараоните, после нивните раскошни прослави, за да им помогне во смирување на стомакот, главоболките, забоболките, настинки и инфекции. Маслото од црно семе е познато како масло на фараоните. Се вели дека Клеопатра и Нефертити го користеле како масло за убавина. Било пронајдено и во гробницата на Тутанкамон, со цел фараонот да се служи со одлично здравје и после смртта. Исто така црното семе беше суштествена состојка во многу египетски јадења.
Хипократ, таткото на медицината го сметал црното семе како многу вреден лек за дигестивни нарушувања.
Од 1959 година, црното семе е испитан во повеќе од 200 различни студии на универзитети и лаборатории.
Исхрана и предности за здравјето
- Маслото од црно семе содржи алфа-линоленска киселина, анти-воспалителни омега-3 масни киселини и линолова киселина омега-6 масни киселини.
- Помага во борбата против сите видови на болести со зголемување на производството на коскената срцевина и имуните клетки.
- Помага во третманот на болести поврзани со респираторниот систем, како што се астма, грип, бронхитис и др.
- Докажано е како многу ефикасно во лекувањето на тумори на црниот дроб, стомакот и очите.
- Природен антисептик и антибиотик.
- Го стимулира метаболизмот и помага во спречување на слабост и летаргија во телото.
- Добро е за нервите и помага во лекување на нервни нарушувања како што се конвулзии, анксиозност, стрес итн.
- Има многу ефикасни анти спазматични својства. Тоа може да се користи во третмани за речиси сите видови на грчеви и придружните проблеми како што се конвулзии, нон-стоп кашлање, болки...
- Помага во одржување на редовен менструален циклус. Исто така помага во закрепнување од проблемите по менопаузата.
- Докажано е дека помага во лекувањето на главоболки, забоболки, назална конгестија, настинки и грипови, проблеми со косата и кожата, алергии, несоница, дијабетес, дигестивни и гастроинтестинални проблеми ...
Употреба:
- За готвење (салати, десерти, вкус супи, чорби, скари, месо ...)
- Тоа е корисно за третирање на болести на срцето, ревматизам и други воспалителни болести.
- во храна, пијалаци, алкохол, лекови, хигиенски средства и парфимериите.
- Зголемување на имунитетот
- Губење на тежината
- Против акни
- Спречува дијабетис