Историјат на фирмата
2021
Во поглед на обновливите извори на енергија, во март 2021 година повторно инвестиравме во фотонапонска централа за сопствено производство на електрична енергија. Со тоа Агрофила стана целосно независна компанија во поглед на производство не електрична енергија за покривање на сопствената потрошувачка.
2020
Во 2020 година Агрофила инвестираше во енергетски поефикасна инфраструктура и модернизирање на производството. Поради зголемената побарувачка беше изграден уште еден погон чијашто главна намена е за полнење на ладно цедено масло како готов производ. Дополнително, термофасадниот систем на целиот објект беше заменет со нов, заедно со нова столарија. Поради зголемениот капацитет на производство, со цел спречување на негативно влијание врз животната средина беше поставена нова канализациона цевка со поврзување на новоизведена шахта. Во поглед на производството, постоечките преси за производство на масло беа целосно заменети со нови европски, сертифицирани машини за производство на масло. За автоматизирање на производството беа поставени френквентни
регулатори и дополнително се поставија нови, помодерни садови за складирање на масло од 100л., 200л, 480л, 1000л., два резервоари за масло од по 10 тона, машина за полнење на масло, како и еклошка машина за чистење на простор кој е наменет за производство на храна. Во текот на 2020 година исто така го ресертифициравме ISSO 22:000 сертификатот.
2018-2019
Во 2018 и 2019 година Агрофила ги продолжи своите капитални вложувања. Како главни инвестициски активности можат да се издвојат набавката на фотонапонска централа за сопствено производство на електрична енергија, како и опрема која беше неопходна за модернизирање и усовршување на работниот процес. Од нови производи може да се издвојат маслиновите масла со кои успеавме да ги задоволиме потребите на купувачите. Имајќи ја во предвид визијата и мисијата на Агрофила, во периодот што помина и периодот што следи особено внимание ќе биде посветено на пласирање на производите на нови пазари, како и усовршување на производниот процес.
2017
Продирајќи се на европските пазари во производство на ладно цедени масла кои се ценовно достапни и квалитетни, оваа 2017-та година влеговме и во Полска. Доследно придржувајќи се до годишниот план за капитални вложувања Агрофила ДООЕЛ успешно ги реализираше планираните инвестициски активности во нов складишен простор за суровина во рамките на самата компанија. Од нови производи го издвојуваме маслото од чиа, покрај него, и обезмастеното мелено семе од чиа. Постојаното тежнеење кон отворање нови пазари и нови перспективи, налага внимателно следење на трендовите од областа на здравата храна и нивно имплементирање во нашето дејствување. Ова мото ќе не води и во нарената година.