Нашите рецепти

___________________________________________________________

Летото е совршено за брзи и здрави рецепти! А овој период никој нема да може да одолее на интегралните брускети со печен зеленчук. Крцкави, со сос од павлака и печени тиквички, модар патлиџан и домати. Звучи примамливо, зарем не? За да ја зголемиме хранливата вредност зеленчукот го приготвивме со ладно цедено сончогледово масло и додадовме микс од четири семиња (лен, сусам, тиква и сончоглед) од Фила. Истите можете да ги набавите од поголеми маркети или продавници за здрава храна, но и да ги порачате преку онлајн продавницата на Фила.

Салати со масло од сончоглед

Салата со брокула и семки од сончоглед

Најдобро приготвено со

СОСТОЈКИ

  • ½ модар патлиџан
  • ½ тиквичка
  • 1 домат
  • ладно цедено сончогледово масло или екстра девствено маслиново масло од Фила
  • 3 парчиња интегрален леб
  • 2 лажици павлака
  • лук во прав
  • микс од четири семиња (лен, сусам, тиква, сончоглед) од Фила
  • сол и мелен црн пипер по вкус
  • свеж босилек
Начин на подготовка:


1. Во мал сад ставете 3 лажици ладно цедено масло, посолете и зачинете со мелен црн пипер и лук во прав.
2. Парчињата леб премачкајте ги со зачинетото масло и наредете ги во тава. Печете ги во загреана рерна на температура од 250 степени за време од 8 до 10 минути, додека поруменат.
3. Модриот патлиџан и тиквичката измијте ги и исечете ги на тенки кругови. Посолете ги и оставете ги 10-тина минути. Потоа исцедете ги.
4. Скарата или грил тавата премачкајте ја со ладно цедено масло. Ставете ги сечканите тиквички, модри патлиџани и домати да се печат. Печете ги 3 минути од едната страна, а потоа свртете ги и продолжете со печењето уште 2 до 3 минути.
5. Во мал сад ставете ја павлаката и зачинете ја со лук во прав, сол и мелен црн пипер. Сосот измешајте го со лажица.
6. Печените лепчиња премачкајте ги со сосот од павлака и наредете печен модар патлиџан, тиквички, домати. На крај, врз брускетите ставете микс од семиња и свеж босилек. Уживајте во здравиот појадок или мезе!

Препорака плус:
Фила ве изненадува! Сите вие кои обожавате да готвите со ладно сончогледово масло или да ги зачинувате своите салати со истото, овој месец може да си го набавите од Веро Маркетите како СЕТ 3+1 ГРАТИС! Залихите се до исцрпување.