Нашите рецепти
___________________________________________________________
Состојките кои ги содржи оваа чоколадна торта со ржано брашно и направена без шеќер се избрани за да биде што поздрава, да може да ја јадат што повеќе луѓе и да се уверат дека и здравото може да биде вкусно. Слободно може да им ја сервирате и на децата. Вкусот е многу пријатен и пожелен, па не го одбиваат, испробавме!
Еден од моментите на мотивација беше и тоа што, сите повремено имаме апетит кон слатката храна, а голем број од нас внимаваат на телесната тежина. Во секој случај, невозможно е, а да не споменеме дека и луѓето кои немаат проблем со вишок на килограми, секогаш е корисно да бираат намирници и јадења кои прават добри нешта за здравјето. Затоа во составот има чоколадно какао кое изобилува со магнезиум, интегрално ржано бражно кое има висока содржина на растителни влакна, како и мала количина на ладно цедено масло од маслодајна репка кое го набавуваме од Фила како проверени производители, а е достапно во паковања од 500 мл или 1000 мл. Лесно е достапно и може да го набавите од поголемите маркети или да го нарачате од нивната онлајн продавница. За гурманите и пребирливите дегустатори треба да напоменеме нешто важно, а тоа е ова масло не мириса и нема да го промени вкусот на јадењето. Ладно цеденото масло од репка го препорачуваат сите нутриционисти, поради неговите хранливи состојќи и нутритивни вредности. Содржи големата количина на витамин Е, Омега-3, 6 и 9, како и е одличен извор на есенцијалните масни киселини кои му се неопходни на организмот, бидејќи самиот не може да ги произведе. Урмите и даваат слаткост на тортава, а сливите арома, нема да згрешите ако ја направите!
Салати со масло од сончоглед
Салата со брокула и семки од сончоглед
Најдобро приготвено со
- 3 јајца
- 2 полни лажици чоколадно какао
- 1 чаша интегрално ржано брашно
- 1 ќесичка прашок за печиво
- 2 рамни лажици ладно цедено масло од маслодајна репка од Фила
- 20-24 урми по вкус за благо
- 100 мл млака вода
- 3 поголеми свежи сливи.
1. Прво почнете со припрема на состојките. Урмите исчистете ги од семките, ситно исечкајте ги и потопете ги со млаката вода.
2. Сливите измијте ги, исчистете ги од семките и изрендајте ги.
3. Јајцата изматете ги во чист и длабок сад за време од 5 минути, односно додека се згуснат.
4. Потоа, додајте го ладно цеденото масло, ситно сечканите и потопени урми, ренданите сливи и измешајте ја смесата.
5. Во одделен сад измешајте ги ржаното брашно, печивото и какаото, па со постојано мешање со лажица, постепено додавајте ги во садот со јајцата.
6. Откако смесата е добро соединета, спремна е за печење. Турете ја во тава со големина бр. 24, но претходно обложете ја со хартија за печење.
7. Печете во загреана рерна на 180 степени, околу 30 минути зависно од рерната. На здравје!