Една од најчестите и најпроблематичните состојби која ги погодува мажите со стареењето е нарушување на функцијата на простатата. Бенигната хиперплазија на простатата или попозната меѓу народот како „старечка простата“ е состојба при која доаѓа до неконтролиран раст на ткивото на простатата, кој го зголемува притисокот на уретрата (мочниот канал) и резултира со потешкотии и неможност за нормално мокрење и празнење на мочниот меур. Оваа состојба која погодува голем дел од мажите над 50тата година и речиси доминира кај мажите над 60 години, сериозно го нарушува квалитетот на живот, како последица на потребата од чести ноќни будења и мокрење, чести уринарни инфекции и воспаленија (поради задршката на урината во мочниот меур) и намалено либидо и проблеми во сексуалната изведба. Оставена нетретирана ваквата состојба може да доведе и до појава на малигни промени односно рак на ткивото на простатата како еден од најчестите видови на рак кај повозрасната машка популација.
Постојат одредени немирници и состојки од храната кои одамна се применуваат во народната медицина како ефикасен начин за одржување на здравјето на простатата и можност за контрола на „старачката простата“. Една од најпознатите видови храна со чија редовна консумација се обезбедува добра контрола на бенигната простата и најзините воспаленија се семките од тиква. Денес и науката, односно клинички студии и истражувања, исто така ја потврдуваат ефикасноста и можната примена на маслото од семки од тиква во регулирање на здравјето на простатата.
Контролирана клиничка студија од 2012 потврдила дека третманот со екстракт од семки од тиква има подеднакво ефикасно дејство на намалување на тумор маркерите на простатата, нејзиниот волумен и контрола на симптомите на бенигна хиперплазија, односно подобрување на квалитетот на живот, исто како и најчесто користениот фармацевски лек за таа намена. (1) Правените испитувања на бенигната хиперплазија на простатата на животински модели исто така покажуваат дека маслото од семки од тиква може да ја спречи хиперплазијата, т.е. растот на простатата и со тоа да се применува како ефикасен лек во третманот кај луѓето. (2, 3)
Примената на масло од семки од тиква се покажало ефикасно и во третманот на состојбата „ноктурија“ т.е. зачестеното ноќно мокрење. Суплементацијата со 10г на масло на ден, во период од 6 до 12 недели покажала значително намалување на зачестеното мокрење и нормализирање на функцијата на мочниот меур. (4) Исто така, истражувањата покажуваат дека суплементацијата со семки или масло од семки од тиква има позитивно дејство на превенција на создавање на оксилатни кристали во урината и воопшто го подобрува составот на урината (како pH вредноста, концентрациите на минерали, креатинин и друг метаболен отпад). Воедно и високите нивоа на фосфор во семките од тиква помагаат во превенција на појавата на камчиња во мочниот меур. (5)
Покрај спречување на растот на простатата, маслото од семки од тиква, благодарение на исклучително поволниот состав на полинезаситени масни киселини, покажува и изразени антиинфламаторни својства кои ги смируваат или спречуваат воспаленијата и инфекциите на простатата или мочниот меур, кои се јавуваат како последица на негово отежнатото празнење и потенцијалната задршка на патогени бактерии. Затоа, не дозволувајте проблемите со простатата да го ограничат вашиот живот. Редовната и навремена консумација на семки и масло од тиква е сигурен и ефикасен начин за одржување на здравјето на простата.
Подготвил: Нутриционист – Сашко Дрвошански
Референци:
(1) Maliheh Keshvari Shirvan et al., Pumpkin seed oil (prostafit) or prazosin? Which one is better in the treatment of symptomatic benign prostatic hyperplasia, J Pak Med Assoc. 2014 Jun;
(2) M Gossell-Williams, A Davis, N O’Connor, Inhibition of testosterone-induced hyperplasia of the prostate of sprague-dawley rats by pumpkin seed oil, QJM. 2008 Mar;
(3) Yuh-Shyan Tsai, Yat-Ching Tong et al., Pumpkin seed oil and phytosterol-F can block testosterone/prazosin-induced prostate growth in rats, Urol Int. 2006;
(4) Mie Nishimura, Tatsuya Ohkawara, Hiroji Sato, Hiroshi Takeda, Jun Nishihira, Pumpkin Seed Oil Extracted From Cucurbita maxima Improves Urinary Disorder in Human Overactive Bladder, J Tradit Complement Med. 2014 Jan;
(5) V S Suphakarn, C Yarnnon, P Ngunboonsri, The effect of pumpkin seeds on oxalcrystalluria and urinary compositions of children in hyperendemic area, Am J Clin Nutr. 1987 Jan;