Маслото од семки од кајсија, како најбогат природен извор на амигдалин (молекула дефинирана и позната како витамин Б17) е познато по неговата широка примена во натуропатската природна или народна медицина. После еден подолг период по неговото откривање во минатиот век, последната деценија повторно бележи зголемен интерес во научните кругови за истражување и потврда на неговото дејство во подобрување или третман на различни заболувања. До денес постојат повеќе истражувања објавени во еминентни научни списанија кои директно ја покажуваат способноста на маслото од семки од кајсија да го подобри здравјето и нарушената функцијата на бубрезите и мочниот меур, како последица на различни заболувања и состојби.

Маслото од семки од кајсија може да помогне во лекување на инфекции на мочните патишта и кај бубрежните болести

Во 2012 година е направена студија која ја испитувала биолошката активност на маслото од семки од кајсија, односно нивното антимикробно дејство врз познати патогени бактериски култури, предизвикувачи на многу болести и инфекции. Направените анализи покажале дека маслото од семки од кајсија помага во спречување на растот на различни бактерии, но особено силна активност се покажало во способноста на маслото да ја уништи бактеријата Ешерихија коли (E. Coli), која е позната резистентна патогена бактерија, чест предизвикувач на болни инфекции на мокрачните патишта и органи (мочниот меур и бубрезите) која на долг рок може да доведе до нарушување на функцијата на овие органи кај човекот. (1)

Дополнително, науката денес укажува на исклучителна улога на витаминот Б17 – амигдалинот, во составот на маслото од семките од кајсија, во лекувањето на воспаление на бубрезите (интрастицијален бубрежен нефрит) и бубрежните фибрози кои се јавуваат како последица на хроничната бубрежна болест. Студија објавена во 2013 година покажува дека амигдалинот го спречува растот на фиброзното ткиво кое ја нарушува функцијата на уретерата (мочниот канал кој овозможува пренос на урината од бубрезите до мочниот меур. Исто така, кај модели од глувци терапијата со амигдалин довела до намалување на обструктивната нефропатија и подобрување на функцијата на бубрезите за период од само три недели. Овие резултати укажуваат на големата антифиброзна способност и терапевтски потенцијал на маслото од семки од кајсија кај лицата со фиброзна болест на бубрезите и нарушена бубрежна функција. (2)

Маслото од семки од кајсија се покажува успешно и во запирање на прогресот на ракот на бубрезите и мочниот меур

Во студија објавена во 2014 година, култури од изолирани клетки од рак на мочниот меур биле третирани со амигдалин со цел да се испита нивниот раст и размножување. Истражувањето не само што го потврдило антиканцерогеното дејство на витаминот Б17, туку и открило неколку различни механизми со кои овој витамин кој се наоѓа во маслото од кајсии, го спречува растот на ракот. Имено, додавањето на витаминот Б17 на клетките на рак од мочниот меур покажало значајно успорување во растот на клетките кое било потврдено со следење на неколку важни биомаркери на раст на ракот. Ваквото истражување довело до спроведување на дополнителни студии кои само потврдиле дека амигдалинот е способен да го спречи растот на ракот на мочниот меур и тоа на повеќе различни начини. (3)

Исто така, болничка инвитро студија спроведена во Германија и презентирана на крајот на 2015 година испитувала какво е дејството на амигдалинот, витаминот Б17 добиен на природен начин од семки од кајсија, врз клетки од малигно ткиво од рак на бубрезите. Студијата анализирала какво е влијанието на витаминот Б17 во поврзување на клетките на ракот со околното епително и колагенско ткиво. Добиените резултати покажале значително намалување на способноста на клетките на ракот на бубрезите да се поврзат со здравото околно сврзно и епително ткиво, што директно значи намалена способност на клетките на ракот да метастазираат.

Овие студии и други бројни начуни сознанија јасно го потврдуваат дејството на маслото од семки од кајсии, како најбогат природен извор на витаминот Б17, во одржување на здравјето на уринарниот систем, конкретно неговото дејство во уништување на патогени микроорганизми, подобрување на здравјето и функцијата на бубрезите при бубрежна фиброза, воспаление и намалена бубрежна функција, како и успешноста во спречување на понатамошниот раст и појавата на метастази кај рак на мочниот меур и бубрезите.

Нарачај

 

 

Подготвил:

Сашко Дрвошански – Нутриционист

www.drvoshanskinutrition.com

 

  • batch Sumaira Aziz and Habib-ur-Rahman, Biological activities of Prunus persica, Department of Chemistry, University of Azad Jammu and Kashmir, Muzaffarabad-13100, Pakistan. Accepted 4 May, 2012;
  • J, Wu. W et al. Amygdalin inhibits renal fibrosis in chronic kidney disease, Mol Med Rep.2013 May;7(5):1453-7. doi: 10.3892/mmr.2013.1391. Epub 2013 Mar 22.
  • Jasmina Makarević, Jochen Rutz, Eva Juengel, et al. Amygdalin Blocks Bladder Cancer Cell Growth In Vitro by Diminishing Cyclin A and cdk2, Published: August 19, 2014;
  • Eva Juengel, Masud Afschar et al. Amygdalin blocks the in vitro adhesion and invasion of renal cell carcinoma cells by an integrin-dependent mechanism Departments of 1 Urology and 2 Vascular and Endovascular Surgery, Goethe-University Hospital, Frankfurt am Main, Germany Received July 29, 2015; Accepted December 3, 2015;