Фрушкогорскиот маратон ја има една од најдолгите традиции и оваа година го одбележа 38 издание. Опфаќа повеќе дистанци од 20км до 125км (Ултра екстремни маратон кој го имаше првото издание оваа година). За прв пат оваа година се наплаќаше и котизација со што би се одржала оваа убава традиција но и за што подобра организација. Сметстувањето беше индивидуално, во кампови и приватни куќи.
Нашето сместување
Нашата екипа беше составена од Тања Пенева, Светлана Стојаноска, Тања Стојановски, Александар Митев и Жикица Ивановски во петокот, ден пред стартот, по разни перипетии со возилото пристинигнавме на Фрушка Гора. Се сместивме на „нашето“ место како и секоја година, но оваа изгледаше празно со само два мали шатори. Вечерта пред стартот падна и договорот кој на која трка би трчал. Јас и Жикица се одлучивме за Големиот источен маратон 81км со 3292м +Д, Тања Пенева за Големиот јужен маратон 91 км со 3596м +Д, а Тања Стојановски за Ултра екстретмниот маратон 125км со 5611м +Д.
Со екипата од Словенија
На целта повторно сретнавме наши сродни души со кои се гледат единствено од трка на трка и вистинско задоволство беше повторно да се видиме. Контролите си се редеа една по друга, Главица, Астал, Дом на Стражилово, манастир Гргетег, ТВ Торањ, Краљева столица, Врдник, каде со контролното картонче ни беа дадени и купони со кои можевме да земеме храна,ручек во Врдник и два купона за Летенка (вечера и благо) и овошје во Бранковац.
Низ Врдник па манастирот Јазак и Бењеово-Прњавор стигнавме до Летенка. И таму се нудеше ручек од тестенини и добро познатите крофни со мармалад но сепак се одлучив за чоколатце и ресани. Патот до Андревље беше благ спуст и одличен за трчање. Ова е најзападниот дел на патеката, најблизу до Хрватска. Од Андревље до Црвени Чот е најдолгото растојание без контролна точка од 8,5км. Иако е највисок врв на Фрушка Гора сепак искачувањето кон Бранковац е далеку потешко. Следуваа уште две контроли, Змајевац и Извор Звечан, до Поповица.
Етно населба Врдник
Манастир Јазак
Жикица Ивановски од Штип финишираше со време од 11:20 мин. за поминати 88км(го освои 2 место), Светлана Стојаноска финишираше со време од 18:37 мин за 81 км (1 место во женска конкуренција)., Тања Пенева со време од 22:00 за 91 км. (1 место во женска конкуренција) и Тања Стојановски со време од 25:11 мин за 125 км. (2 место во женска конкуренција).
Благодарност со ФИЛА и ладно цедените масла.
Со редовна косумација носат здравје и сила.
Затоа што навистина вреди да се пробаат.