Ленено семе и ленено масло
Лененото семе не е нова храна. Тое е всушност една од најстарите, и можеби ˶оригинална̋ здрава храна, бидејќи поради своите лековити својства се одгледувала ширум Римската империја. За лененото масло може да се каже дека е ˶заборавеното масло̋ , бидејќи произведувачите на масло увиделе дека не можат добро да профитираат од нутритивните масла. Тоа е така, бидејќи есенцијалните масни киселини кои ги содржи лененото масло му даваат пократок рок на употреба, го прават поскапо негово производство, транспортот и складирањето. Сепак, за оние кои нутритивните вредности им се важни, лененото масло е нешто што мора да се има во кујна.
Поради инзворедното богатство со омега 3 масни киселини, ленот и лененото масло од само ˶здрава храна̋ созреа до храна која има статус на научен респект.
Освен омега 3 масни киселини, ленот е добар извор на омега 6 или линолејска киселина. Лененото семе содржи високо квалитетни протеини, богато е со растворливи влакна (што го прави добар лаксатив), Б1, Б2, Ц и Е витамини и каротен. Семето исто така содржи железо, цинк и трагови од други минерали.
Здравствени својства на ленот:
- Ленот ви обезбедува кардиоваскуларно здравје, бидејќи омега 3 масните киселини го намалуваат холесеролот;
- Ленот ви обезбедува здраво функционирање на дебелото црево, бидејќи го намалува ризикот од констипација поради растителните влакна;
- Ленот содржи масла кои се важни за изградба на мозокот и се посебно важни во периодот на раст на децата;
- Ленот обезбедува здрава кожа во случаи на сува кожа, егземи или при кожа која е осетлива на сонце;
- Ленот ја намалува склоноста кон дијабетес стабилизирајќи го нивото на шеќер во крвта;
- Ленот може да ви помогне при слабеењето помагајќи да се согорат вишокот нездрави масти во телото.