Кога станува збор за здравјето на простата тогаш секој маж треба да ги знае ладно цеденото масло од лен и маслото од црно семе. Покрај тоа што овие масла одамна се употребуваат во традиционалната-народна медицина, денес веќе и научните, клинички студии и истражувања ја потврдуваат ефикасноста од примената на ленот и црното семе во превенција и лекување на заболувањата на простатата. Конкретно, спроведена клиничка студија врз пациенти со рак на простата покажала дека само во период од 30 дена внесот на ленот како додаток во исхраната покажал намалување на пролиферацијата (делбата и разможувањето) и со тоа растот на малигните клетки.(1) Други клинички студии, правени врз поголеми групи на пациенти исто така го потврдуваат благотворното дејство на лигнантите во лененото семе (фитоестрогените ентеролактон и ентеродиол), на намалување на размножувањето и растот на ракот на простатата. (2, 3)
Покрај ракот на простата, како што веќе кажавме во воведот, бенигната хиперплазија на простатата или едноставно кажано зголемување на простатата што е карактеристично кај повозрасната машка популација е вистинска ноќна мора за секој маж. Неможноста за нормално мокрење, потребата да се станува навечер по неколку пати и дополнителните воспаленија на простатата се навистина чест проблем кој сериозно го погодува квалитетот на живот на мажите. Контролирани студии кои детално ги следеле сите маркери и симптоми кај пациентите со бенигна хиперплазија на простатата, покажале дека суплементацијата со активните состојки од лененото семе довела до значајно подобрување на следените маркери за состојбата на простатата и дека терапевските ефекти на лигнантите од ленот можат да се споредат со стандардно употребуваните лекови за намалување на воспаление на простатата. Тоа потврдува дека ленот и лененото масло се одличен додаток на исхраната која може да овозможи превенција од појавата на „старечка“ простата или успешно да ја контролира веќе појавената состојба. (4, 5, 6)
Дополнителни студии исто така покажуваат дека суплементацијата со семе од лен (30гр на ден) во комбинација со диета со намален внес на масти во период од 6 месеци, доведува до значително намалување на растот на бенигното епително ткиво на простатата, причина за манифестација на негативните симптоми и проблеми со мокрењето, како и намалување на вредноста на тумор маркерите (PSA антигените), што било потврдено со биопсии и стандардни крвни анализи. (7)
Доколку сакате навистина да обезбедите здрава и функционална простата, да превенирате нејзино зголемување или успешно да ги спречите сите тегоби кои ги дава зголемената простата тогаш најдобро е покрај редовниот внес на ленот или неговото масло, вашата исхрана да ја збогатите и со масло од црно семе. Специфичните биоактивни состојки во маслото од црно семе имаат докажано антивоспалително и антиканцерогено дејство кои ќе обезбедат здрава простата и функционален уринарен систем.
Подготвил: Сашко Дрвошански – Нутриционист
Референци:
(1) Wendy Demark-Wahnefried, Thomas J Polascik et al.,Flaxseed supplementation (not dietary fat restriction) reduces prostate cancer proliferation rates in men presurgery, Cancer Epidemiol Biomarkers Prev. 2008 Dec;
(2) Maria Azrad, Robin T Vollmer et al., Flaxseed-derived enterolactone is inversely associated with tumor cell proliferation in men with localized prostate cancer, J Med Food. 2013 Apr;
(3) X Lin, B R Switzer, W Demark-Wahnefried, Effect of mammalian lignans on the growth of prostate cancer cell lines, Anticancer Res. 2001 Nov-Dec;
(4) Li-Quan Wang, Mammalian phytoestrogens: enterodiol and enterolactone, J Chromatogr B Analyt Technol Biomed Life Sci. 2002 Sep 25;
(5) Wei Zhang, Xiaobing Wang, Yi Liu et al., Effects of dietary flaxseed lignan extract on symptoms of benign prostatic hyperplasia, J Ren Nutr. 2007 Jan;
(6) Guan-Yu Ren, Chun-Yang Chen et al., The treatment effects of flaxseed-derived secoisolariciresinol diglycoside and its metabolite enterolactone on benign prostatic hyperplasia involve the G protein-coupled estrogen receptor 1, Appl Physiol Nutr Metab. 2016 Dec;
(7)Wendy Demark-Wahnefried, Cary N Robertson et al., Pilot study to explore effects of low-fat, flaxseed-supplemented diet on proliferation of benign prostatic epithelium and prostate-specific antigen, Urology. 2004 May;