Здравата храна е значајна за правилниот раст и развој на детето. Односот кон храната е односот кон животот и затоа децата треба да бидат активно вклучени во одгледување на некои видови на зеленчук и овошје, со цел да го набљудуваат процесот на содавање подготвување и правилно консумирање на истите. Сознанијата добиени на тој начин, се трајни и применливи, бидејќи создаваат основа за суштински правилно поставен однос кон природата и духовните вредности неопходни во животот на секоја личност, која живее во хармонија со самата себе, својата околина и работи не само во своја полза, туку и за општеството од кое потекнува. При тоа се обезбедува постојано подобрување, подигнување и развивање на знаењата и свеста за значењето на здравата и правилната исхрана кај децата, вработените и родителите, создавање на навики за консумирање на здрава и квалитетна храна, како и поттикнување и развивање на одговорностите на децата кон природата, кон обврските и кон самите себе. Им благогодариме на посетата!