Our Recipes
___________________________________________________________
Летото е идеално за брзи и лесни рецепти! Инспирирани од италијанската брза кујна, ви приготвивме фантастичната фритата со тиквички и спанаќ. Идеална е за појадок, а рецептот нуди можности за експериментирање. Наместо спанаќ, може да ставите блитва или друг зеленчук по избор. Како и да ја направите ви гарантираме дека ќе биде вкусна!
Sunflower oil salads
Broccoli and sunflower seeds salad
Best paired with
- 2 лажици ладно цедено сончогледово или маслиново масло од Фила
- 1 чаша сечкани или рендани тиквички
- 3 коцки замрзнат спанаќ или ¼ чаша сечкан динстан спанаќ
- 3 јајца
- 1 лажица интегрално брашно
- ½ мала лажичка кромид во прав
- ½ чаша рендано чедар сирење или сирење по избор
- ¼ мала лажичка морска сол.
1. Рерната приклучете ја да се загрее на 180 степени. Во правоаголна тава ставете хартија за печење.
2. Во нелеплива тава на оган ставете ладно цедено сончогледово масло да се загрее. Додајте ги сечканите тиквички и спанаќ и пржете ги 3 до 4 минути додека зеленчукот омекне.
3. Во длабок сад изматете ги јајцата со жица за матење и додајте го сирењето, брашното, кромидот и солта. Измешајте и додајте ги пропржените тиквички и измешајте додека смесата се соедини.
4. Смесата ставете ја во тавата и израмнете. Печете во загреаната рерна за време од 15 до 20 минути, додека фритата порумени.
5. Готовата фритата со тиквички извадете ја од рерната и оставете ја да се излади. Потоа исечете ја на парчиња и послужете ја. На здравје!
Препорака плус:
Во богатата палета на Фила може да најдете ладно цедено сончогледово масло од 250 мл, 500 мл, 750 мл, 1000 мл, шалган – ладно цедено сончогледово масло, маслиново масло и екстра девствено маслиново масло. Истите може да се најдат во поголемите маркети и продавниците за здрава храна, а можете да ги порачате и онлајн на нивната веб продавница.