Како што ја збогатуваме палетата на производи со бројни вкусови на масла, така ја збогатуваме и на зрнести производи. Овој пат ја зголемивме со интегрален сусам и обезмастен мелен интерален сусам во пакување од 250г.
seme-integralen-susam
Интреалниот сусам е богат со протеини, ги содржи сите есенцијални амино киселини, особено метионинот. Во сусамот постои една посебна состојка именувана како сезамин која го намалува холестеролот во крвта на тој начин што ја намалува апсорпцијата од цревата и ја забрзува дигестијата. Сусамот содржи и витамин Е, кој е еден од најсилните антиоксиданси. Богат е со магнезиум, цинк, железо, одличен извор на калциум. Во народната медицина се користи како испробан лек за отстранување на вишокот течност од организмот.