Секој сака здрава и негувана кожа со младешки изглед. А токму ладно цедените масла од семињата се одличен извор на нутриенти, антиоксиданси, витамини, минерали и масни киселини кои имаат неверојатна способност да се грижат за здравјето на кожата, како внесени со исхраната така и кога се користат во природни производи за хигиена и нега на кожата. Сите оние кои сакаат беспрекорно свежа, тонирана и подмладена кожа треба да ги користат придобивките на маслото од семки од тикви. Ова масло е одличен извор на важни масни киселини, меѓу кои и олеинската, миристинската и други масни киселини, содржи добра концентрација на омега 3 и 6 масни киселини и многу важни витамини и минерали, како А, Ц, Е, цинк и селен, со докажано антиоксидативно дејство.

Користењето на сапунот кој содржи масло од семки од тиква е одлична можност за нега и одржување на младиот, тониран и цврст изглед на кожата. Со редовната употреба на овој сапун, благодарение на состојките на маслото од семки од тиква, првенствено концентрираните антиоксиданси (А, Ц, Е, цинк и селен) успешно се спречува оксидативниот стрес на клетките од кожата, т.е. се неутрализира штетното дејство на слободните радикали (токсините, како од воздухот и средината, така и оние кои ги внесуваме со храната или ги создава самиот организам). Антиоксидантите во маслото спречуваат оштетување на колагенската структура, која е есенцијална за одржување на цврстината и еластичноста на кожата, со што се превенира пропаѓањето на нејзините погорни слоеви и формирањето на брчки. Дополнително, витаминот Ц помага за осветлување на кожата, витаминот А помага за активно регенерирање/замена на оштетените клетки и спречува сушење, додека витаминот Е ја исхранува кожата. Наведените антиоксиданси, а пред се цинкот дејствува и анти-воспалително, со што се спречуваат иритации и воспаленија на кожата и се превенира појавата на акни, што е особено важно кај мрсната кожа. Воедно составот на есенцијалните омега 3 и омега 6 масни киселини во маслото се одличен навлажнувачки агенс кој лесно пенетрира во кожата, ја навлажнува и омекнува, а исто така делува и антивоспалително. Маслото од семки од тиква содржи и витамик К, што учествува во регулација на коагулацијата на крвта и со тоа помага за побрзо зацелување на раните и сите површински оштетувања на кожата.

Сите овие карактеристики го прават сапунот со масло од семки од тиква на компанијата Агрофила препорачан начин за ефикасна природна нега и подмладување на кожата. Покрај редовната употреба за одржување на здравјето и убавината на кожата, сапунот со масло од семки од тиква може да се користи и како средство за отстранување на шминката, а дури и за нега на косата, бидејки помага во превенција на опаѓањето на косата, го зголемува нејзиниот сјај и виталност.

 

Подготвил: Сашко Дрвошански – Нутриционист