Нутритивните и здравствени придобивки на семето од лен се веќе добро познати и научно докажани. Изобилството од Алфа линоленска, Омега 3 масна киселина (АЛА), лигнантите, антиоксидантите и растителните влакна во составот на ова масло го прават особено ефикасно во регулација на здравјето на крвните садови (помага во третман и превенција на хипертензијата и атеросклерозата), во превенција на малигни заболувања, регулација на дигестијата, намалување на воспаленијата и подобрување на многу други здравствени состојби.

Важен аспект на употребата на маслото од ленено семе е неговото дејство во подобрување на здравјето на кожата! Покрај потребата од редовен внес на ладноцеденото масло од лен во исхраната, со што ќе придонесеме за здравјето на кожата одвнатре, редовната нега на кожата со помош на сапун кој содржи масло од лен ќе овозможи ефикасна регенерација и подмладување на кожата на целото тело.

Конкретно, специфичниот состав на масни киселини во составот на маслото од лен помагаат кожата да остане хидрирана, влажна и мазна, спречувајки ја нејзината дехидратација и појавата на тенки линии, брчки и опуштен безживотен изглед на кожата. Исто така, масните киселини и лигнаните во лененото масло помагаат да се тонира, затегне и зацврсти кожата, со што се постигнува поисполнет и младешки изглед. Истражувањата потврдуваат дека редовната употреба на масло од лен на кожата помага да се спречат оштетувањата на клетките од кожата и да се подобри нејзината еластичност, цврстина и текстура.

Антиоксидантите во составот на маслото, пред се витаминот Е, обезбедуваат заштита на кожата, посебно на кожата на лицето, од штетните надворешни влијанија (токсините присутни во воздухот и сончевите УВ зраци), како и слободните радикали присутни во организмот. Високата концентрација на Омега 3 масни киселини, со своето силно антивоспалително дејство дополнително спречува појава на воспаленија и иритации кои можат да се предизвикани како од надворешни фактори, така и од лоша исхрана и недоволна грижа за кожата. Воедно Омага 3 масните киселини помагаат во природната регулација на нивото на масти во самата кожа и оптимална функција на клеточните мембрани, што е неопходно за задршка на водата во клетките од кожата и доведува до подобрување на хидрираноста на кожата. Кожата негувана со масло од лен, или природни производи кои содржат масло од лен е посветла, вибрантна и со помалку брчки. Вака негуваната кожа е многу поотпорна на појавата на црвенило, иритации и многу полесно се регенерира при евентуални изгореници или појава на осипи. Покрај тоа што редовната нега на кожата со сапун направен со ладно цедено масло од лен ќе овозможи да се постигне негуван и помазен, младешки изглед на кожата, туку истиот е ефикасен и за хигиена на проблематична кожа со нарушено здравје, како состојби на розицеа, акни, псоријаза, дерматитис или егзема.

Редовната нега на кожата со сапунот од ладноцедено масло од лен на АГРОФИЛА ќе обезбеди убаво негувана, еластична и затегната кожа со младешки изглед во секој период од животот.

Подготвил: Сашко Дрвошански

Нутриционист