Our Recipes

___________________________________________________________

Сезоната на зимници веќе е отворена и речиси да нема дом во кој не се приготвува нешто вкусно за зимата која ни следи. Оваа есен бидете вредни и направете си домашен пикантен кечап со ладно цедено масло, без конзерванси во кој ќе уживате преку целата година. Вкусен, пикантен и неодолив! Совршен додаток за пици и тестенини, но и за сите јадења. Идеален за брзо поткаснување со парче леб и сирење кога немате ништо друго при рака.

Sunflower oil salads

Broccoli and sunflower seeds salad

Best paired with

СОСТОЈКИ

  • 3-4 пиперки за ајвар
  • 3-4 чешниња лук
  • 1-2 лути пиперки
  • 100 мл ладно цедено сончогледово масло
  • 125 мл винска киселина
  • 100 г шеќер
  • 100 г сол.
Начин на подготовка:


Подготовка:
1. Доматите измијте ги, а потоа ставете ги во врела вода кратко време и излупете ги.
2. Пиперките измијте ги и испечете ги. Потоа излупете ги и исчистете ги од семките.
3. Пиперките и лукот сомелете ги на машина или во мултипрактик, па ставете ги во поголемо тенџере каде што ќе го варите кечапот.
4. Со помош на машина за кечап сомелете ги доматите. Пирето од домати ставете го во садот со пиперките и лукот.
5. Во садот додајте ги ладно цеденото сончогледово масло, киселината, солта и шеќерот. Измешајте ги и започнете со варење на кечапот.
6. Кечапот варете го со повремено мешање додека остане 1/3 од првобитната смеса. Топлиот кечап ставете го во чисти стерилизирани тегли или шишиња по избор. Теглите затворете ги со капак и превртете ги. Оставете ги да се изладат за да вакумираат. Потоа, теглите со домашниот пикантен кечап ставате ги на темно и ладно место, со останатата зимница. На здравје!

Препорака плус:
Во богатата палета на Фила може да најдете ладно цедено сончогледово масло од 250 мл, 500 мл, 750 мл, 1000 мл, шалган – ладно цедено сончогледово масло. Истите може да се најдат во поголемите маркети и продавниците за здрава храна, а можете да ги порачате и онлајн на нивната веб продавница.
Ако обожавате зимница со ладно цедено масло ви предлагаме ги пробате Фила црвените, жолтите и зелените пиперчиња со млечна урда. Истите може да ги набавите преку онлајн продавницата на Фила или да ги купите во поголемите маркети. Превкусни се и ви гарантираме дека ќе ви се допаднат!