Да се следат потребите на пазарот и да се одговори навремено на потребите на потрошувачите и барањата на пазарот е една од главните цели на нашата компанија.
Масло од лен 500мл е новиот Фила производ кој го лансиравме овој месец на македонскиот пазар (стаклено шише од 500мл). Идејата за развој на овој нов производ беше големата побарувачка на маслото од лен, кое предходно го пакувавме во стаклена амбалажа од 250мл.
Нашите анализи изминативе години покажаа дека на пазарот се поголем е бројот на потрошувачи кои внимаваат на начинот на исхрана, користејќи го ова масло. Затоа одлучивме на нашите потрошувачи да им понудиме производ кој ќе ги задоволи нивните потребите во поглед на свежо квалитетно масло и притоа ќе има достапна цена за секој поединец. Македонија одамна има едуцирани потрошувачи кои знаат што е квалитетен производ. Токму квалитетот што го застапуваме и довербата која ја имаме стекнато кај потрошувачите со досегашните производи ни даде дополнителен поттик за лансирање на производ, поголемо пакување, со поисплатлива цена.
Да се потсетиме со здравствените придобивки кои ни ги дава маслото од лен.
Ладно цеденото Фила масло од лен претставува најбогат извор на Омега-3 незаситената масна киселина α-линолеинска киселина (АЛА). Ова масло содржи висока концентрација на лигнини – фитоестрогени кои имаат висока антиоксидативна активност и превентино дејство при канцерогените заболувања. Високата содржина на лигнини му овозможува задоволителна стабилност при термичка обработка на храната (стабилност околу 2 часа). Ова масло е посебно ефикасно во превенција на хронична иритација на цревата или Колитис. Исто така ова масло се користи и како природен лаксатив. Витаминот Е кој се соджи во лененото масло го намалува холестеролот во крвта и делува превентивно при срцеви заболувања и хипертензија. Кај пациентите со Сјогрен-ов синдром е забележано намалување на интензиетот на главниот симптом – сувост или недоволна влажност на очите. Поради продобрување на квалитетот на косата и ноктите најчесто се додава како компонента во козметичките препарати и средства за лична хигиена. Се препорачува редовна употреба кај жени по 45 година од животот заради намалување на симптомите на менопауза. Исто така, ги забрзува согорувањето на маснотиите поради што се користи при третмани за намалување на телесната тежина.