Загадениот воздух и се поголемото присуството на токсини во животната средина се главната причина за зголемениот број случаи на појава на астма, воспаленија на белите дробови и други алергиски или инфективни состојби на дишните патишта, како кај детската популација така и кај постарите. Стандардната медицинска пракса, на примена на антибиотици, кортикостероиди и други антиинфламаторни препарати, не успева ефикасно и во целост да се справи со рекурентните воспалителни процеси и може да биде и штетна по здравјето на човекот на долг рок. За разлика од мноштвото народни, природни лекови за инфекциите и воспаленијата на дишните патишта, примената на црното семе, има сериозни научни потврди за својата ефикасност во третманот на воспаленијата и подобрување на функцијата на органите за дишење. Тоа пред се тоа се должи на неверојатниот спектар на нутриенти и биоактивни состојки кои го прават црното семе, неговото масло и екстракти, неверојатен природен лек за многу заболувања и состојби на нарушено здравје.

Конкретно, научни студии спроведени на пациенти со воспаленија на белите дробови покажале дека биоактивните состојки во маслото од црно семе, нигелон и тимогвинон, успешно ги спречуваат контракциите на трахеата (органот кој го спојува ждрелото со бронхиите во белите дробови) предизвикани како последица на воспалителени процеси, со што се овозможува подобар довод на кислород до белите дробови. Студијата исто така покажала дека црното семе допринело за олеснето чистење на трахеата од наталожен секрет кој со собирањето го намалува протокот на воздух и може да биде подлога за развој на дополнителни бактерии. (1) Друга студија пак го потврдува дејството на црното семе на инфламаторните процеси кои можат да ја зафатат и самата алвеоларна структура на белите дробови (место каде се се врши размената на гасови и влез на кислородот во крвотокот). Намалување на инфламацијата се потврдила и преку значително намалување на бројот на инфламаторни пери-бронхијални и алвеоларни имуни клетки (макрофаги и други имуни клетки кои се инфилтрираат во одговор на некоја присутен антиген (молекула која предизвикува алергиска реакција или бактерија која предизвикува воспаление)). Примената на црното семе во третманот довело и до намалување на едемот (собирање на течност во алвеолите) и севкупно намалување на оштетувањето и изумирањето на ткивото на белите дробови. (2)

Black-Seed-Oil-Fixes-640x360

Астмата како хронично заболување најчесто ја погодува детската популација, при што сериозно ја нарушува функцијата на белите дробови и го отежнува дишењето и квалитетот на живот. Затоа постоењето на ефикасно решение кое помага во регулирање на работата на белите дробови и нема токсични последици кои кортикостероидите можат да ги дадат, е од исклучителна важност. Во таа насока важно е да се споменат заклучоците од три месечна клиничка студија која следела контролни параметри на астма како силина или изразеност на симптомите, честота на појава на симптомите, карактеристичното „свирење“ на белите дробиви и други параметри за утврдување на функцијата на белите дробови. Мерењата направени во текот и на крајот на контролниот период покажале значајно подобрување на сите параметри кај групата со терапија со црно семе во споредба со контролната група и видно намалување на потребата од земање на стандардната медицинска терапија како кортикостероидни препарати, инхалатори и други потребни лекови. (3) И други студии со пациенти ја потврдуваат бронходилататорската способност (способност за ширење на бронхиите што овозможува подобар проток и довод на воздух во белите дробови) на екстрактот од црното семе која има скоро ист ефект како бронходилатацијата која била овозможена од страна на контролниот лек. Со тоа се потврдил потентниот антиастматичен ефект на црното семе кај лицата со астма и ефикасност во контрола на тегобите еквивалентна на стандардната медицинска терапија! (4, 5) Маслото и екстрактот од црното семе повеќекратно ги потврдуваат способностите на црното семе во подобрување на севкупната функција на белите дробиви и намалувањето на воспалението на ткивото, пред се манифестирани преку ефектот на бронходилатација (односно подобување на севкупниот проток на воздух и олеснето дишење кај пациентите), ефикасно чистење на секретот и превенција на секундарни инфекции. (6, 7)

На крај, да потсетиме дека маслото од црно семе има докажано антимикробно и антифунгално дејство кое се покажува успешно во ефикасно справување со било какви инфекции и воспаленија предизвикани не само на белите дробови, туку и на горните дишни патишта (носот/синусите, грлото или ждрелото). Биоактивните состојки на црното семе се способни да уништат различни стафилококни бактерии и кандида кои се чести причинители на воспаленија на носот и грлото. Силните антимикробни и антиинфламаторни својства на црното семе го смируваат воспалението на носот и синусите и го спречуваат таложењето на секрет, течењето, кивањето и конгестијата (затнатоста) на носот, како последици на предизвикани како од инфективни така и од алергиски воспаленија на слозницата на носот или синусите. (8)

КУПИ СЕГА

Подготвил: Сашко Дрвошански – Нутриционист

 

Референци:

(1) Wienkotter N, Höpner D, Schütte U, Bauer K, Begrow F, El-Dakhakhny M, et al. The effect of nigellone & thymoquinone on inhibiting trachea contraction and mucociliary clearance. Plant Med. 2008;74(2):105–108.

(2) Kanter M. Effects of Nigella sativa seed extract on ameliorating lung tissue damage in rats after experimental pulmonary aspirations. Acta Histochem. 2009;111(5):393–403.

(3) Boskabady MH, Javan H, Sajady M, Rakhshandeh H. The possible prophylactic effect of Nigella sativa seed extract in asthmatic patients. Fundam Clin Pharmacol. 2007;21(5):559–566.

(4) Boskabady MH, Mohsenpoor N, Takaloo L. Antiasthmatic effect of Nigella sativa in airways of asthmatic patients. Phytomedicine. 2010;17(10):707–713.

(5) Abdulrahman Koshak, Li Wei et al. Nigella sativa Supplementation Improves Asthma Control and Biomarkers: A Randomized, Double-Blind, Placebo-Controlled Trial, Phytother Res. 2017 Jan 17. Epub 2017 Jan 17.

(6) Ayad Mohammed Salem, Abdullah Omar Bamosa et al. Effect of Nigella sativa supplementation on lung function and inflammatory mediatorsin partly controlled asthma: a randomized controlled trial, Ann Saudi Med. 2017 Jan-Feb;37(1):64-71

(7) M H Boskabady, N Mohsenpoor, L Takaloo, Antiasthmatic effect of Nigella sativa in airways of asthmatic patients, Phytomedicine. 2010 Feb 8. Epub 2010 Feb 8.

(8) http://www.greenmedinfo.com/article/black-cumin-alleviates-symptoms-allergic-rhinitis