Повеќе од 400 милиони лица ширум светот страдаат од дијабетес! Шеќерната болест или дајабетес мелитус претставува пореметување на метаболизмот на јаглехидрати во човековиот организам, што се јавува како последица на нарушена продукција на инсулин од страна на панкреасот или нарушен клеточен метаболизам (таканаречена состојба на инсулинска резистенција). Болеста се јавува како последица на континуиран доминантен внес на шеќер и јаглехидрати во исхраната и генерално, долгорочно нездрави прехрамбени навики и начин на живот. Таа сериозно го намалува квалитетот на живот и доколку не се контролира доследно, дава сериозни компликации и последици по здравјето на многу органи, како крвните садови, очите, нервите, бубрезите и други, а компликациите од дијабетесот се вбројуваат меѓу во првите причини за смртност и инвалидитет во развиените земји.
Покрај определените терапии и режим на исхрана, постојат одредени природни состојки кои помагаат во регулирање на нивоата на шеќер (гликоза) во крвотокот за кои постојат и потврдени научни сознанија. Благодарение на својот исклучителен состав на нутриенти и биоактивни компоненти црното семе и неговото масло се потврдени како додаток во исхраната кои на неколку начини помагаат во стабилизирање и намалување на гликемиските параметри во крвта. Правена анализа која вклучува 20тина научни трудови кои се однесуваат на испитување кај глувци, ин виво модели и пациенти/лица со дијабетес јасно покажуваат дека црното семе и неговото масло можат да ја модулираат хипергликемијата (високите нивоа на шеќер) на неколку различни начини, преку подобрување на инсулинската секреција, намалување на инсулинската резистентност (подобрување на апсорпцијата и искористувањето на гликозата) и намалување на гликонеогенезата (процес на создавање на гликоза во организмот и крвта од нејаглехидратини извори), што секако потврдува дека црното семе има способност за подобрување на гликемискиот статус во организмот.
Дополнително, студија овјавена во 2010 година потврдува дека земањето на 2гр капсули од црно семе во период од 3 месеци довело до значително намалување на гликозата во крвта (во просек пад за над 50 мг/дл), измерена наутро на гладно, како и значително намалување на вредноста на HbA1C (приказ на просечните нивоа на шеќер), намалување на нивото на инсулинска резистенција изголемување на функцијата на бета клетките од панкреасот. Исто така, друга студија од 2008 година година, која го испитувала дејството на маслото од црно семе во комбинација со стандардните лекови за контрола на шеќерот потврдила дека земањето на 2.5 мл масло од црно семе двапати на ден во период од 6 недели, довело до намалување на нивоата на гликоза во крвта и подобрена регулација на нивото на масти, со што е потврдено ефикасното дејство на маслото од црно семе кај лицата со синдром на инсулинска резистенција.
Подготвил: Сашко Дрвошански – Нутриционист
Референци:
(1) Heshmati J1, Namazi N2, Effects of black seed (Nigella sativa) on metabolic parameters in diabetes mellitus: a systematic review, Complement Ther Med. 2015 Apr;
(2) Abdullah O Bamosa, Huda Kaatabi et al., Effect of Nigella sativa seeds on the glycemic control of patients with type 2 diabetes mellitus, Indian J Physiol Pharmacol. 2010 Oct-Dec;
(3) Ahmad Najmi, Mohammad Nasiruddin, Rahat Ali Khan, Shahzad F Haque, Effect of Nigella sativa oil on various clinical and biochemical parameters of insulin resistance syndrome, Int J Diabetes Dev Ctries. 2008 Jan;